за

Mini со 5 врати достигна половина милион, од март доаѓа подновен

Како Mini да остане Mini, но да има уште малку повеќе простор за патници назад? Британската марка на BMW за таа цел го има Mini 5-door. Моделот доаѓа со неколку новини.

Mini 5 door

Mini ја почна годинава со моделско освежување на носителот на целата марка, на мини-Mini, на Mini со 3 врати. Изведбата со пет врати чини 1.000 евра повеќе и нуди екстра простор, што досега им се допадна на повеќе од половина милион купувачи.

За Mini досега е кажувано многупати дека не познава граници. Тоа важи и за просторот, особено за СУВ-моделот Countryman и за градското стилско комби Clubman. Тие варијанти сепак погодуваат во делот на специјалистите, а тоа значи дека се соодетно поскапи од класичниот Mini. Затоа, кога се бара просторност и плус функционалност, тука е Mini 5-door. Британската марка на BMW го понуди моделот првпат во 2015 година и погоди одлично.

Неодамнешните промени во изгледот на Mini со 3 врати важат и за верзијата со 5 врати. Стилот сега е поедноставен и се препознава по дебелата рамка околу маската и долниот отвор за воздух, како и по отсуството за впечатливите магленки долу во браникот. Големата новина во стилот е покривот во Multitone, што е единствено во браншата.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Изведбата со 5 врати е за 160 милиметри подолга од класичниот Mini, од тоа 72 милиметри отпаѓаат на продолженото меѓуоскино растојание. Исклучителната подвижност во градското секојдневие останува и кај „големиот“ Mini. Секако дека при возење во друштво се корисни и широките задни врати. Просторот назад е подолг, поширок и повисок во споредба со Mini 3-door. Задната клупа стандардно е поделена, а багажникот располага со 278 литри, односно 941 литар по соборувањето.

Mini 5-door е единствената каросериска варијанта што нема корени во праисторијата на марката, но пазарот реагираше одлично на моделот. Досега се продадоа повеќе од половина милион примероци, само лани 5-door привлекол 56.000 нови клиенти.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Диодните предни светла отсега се стандард, исто и задните светла, кои светат во шема на Union Jack, на британското знаме. Функцијата на магленките сега е интегрирана во т.н. светло за лошо време, кое пак е дел од приспособливите диодни светла, кои се нудат како опција.

Во Mini се уште посреќни кога го испорачуваат „5-door“ со опција за покрив Multitone – среќни се затоа што покривот е подолг отколку кај 3-door и со тоа станува уште повпечатлив уникатниот изглед на овој финиш на покривот. Мајсторијата на Multitone-roof е во тоа што покривот полнува во San Marino Blue, во средината преоѓа во Realy Aqua и назад завршува во Jet Black. Боите се нанесуваат со посебна постапка, што најлесно се објаснува со боење со водени бои. Каков резултат ќе се добие по соединувањето на трите различни бои, зависи само од случајноста. Затоа секој Mini испорачан со овој покрив е уникат.

Кокпитот е освежен исто како во Mini со три врати. Тоа значи нагласување на впечатокот за квалитет и нови функции за комфорот. Средните отвори за воздух се во иста линија со арматурната табла, а големиот средишен инструмент е редизајниран, сега стандардно со дисплеј од 8,8 инчи.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Дигиталните инструменти се опција, додека спортскиот кожен волан со нов дизајн на копчињата сега се стандард. Првпат може да се доплати за греење на воланот. Графиката на средишниот дисплеј и на дигиталните инструменти може да се менува според расположение. За тоа стојат на располагање режимите Lounge и Sport, со посебни бои. За надградување на играта со боите во кабината може да се нарача и амбиентално светло.

Испораките ќе стартуваат во март, тогаш ќе ги дознаеме и македонските цените на моделот по освежувањето. Според ценовникот од ноември, Mini 5-door во изведбата One со 1,5-литарец со 102 КС чини 19.980 евра, наспроти класичниот Mini 3-door кој во истата изведба чини редовно 19.000 евра. Топ-изведбата Cooper S вози со турбо-дволитарец од 192 КС, чини 28.100 евра.

>>> Mini направи и покривот да стане простор за иновации

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Во Скопје е среќа да не те прегазат дента

Во Скопје е среќа да не те прегазат дента

Новата Škoda Fabia ќе биде „октавија“ во својата класа

Новата Škoda Fabia ќе биде „октавија“ во својата класа