за

Mini направи и покривот да стане простор за иновации

Инженерска и финансиска асистенција од BMW, во спој со британска смисла за благородни и убави детали, направија Mini да биде крал во премиум сегментот во градската класа. Освежување за моделите што ќе се појават во салон напролет.

Mini Hatch 2021

Mini го цени своето мини како оригинал во класата. Тоа е голема вистина, затоа што Mini не е обичен ретро што пакува стара техника во емотивна амбалажа, туку е верно продолжение на техно-авангардата на пра-моделот на Сер Исигонис. Mini е подеднакво „техника“, колку што е „стил“. Британците ги освежија основните каросериски изведби на Mini.

Вешти зафати во каросерите детали, оригинален покрив во мулти-тон и преработен кокпит што го нагласува премиум карактерот се главните обележја на освеженото моделско годиште на Mini во изведбите со 3 и 5 врати, како и на кабриолетот. Има и нови ставки опрема, нови бои за каросеријата, дизајни на тркалата, нови материјали во кабината и на седиштата, плус свежа техника во подвозјето, системите за асистенција, ракувањето и вмрежувањето.

Освежувањето ги опфаќа и сите останати варијанти, вклучувајќи го електричниот Mini Cooper SE, но и екстремните спортски изведби Mini John Cooper Works.

Главните промени кај новото моделско годиште на Mini, коешто почнува со продажба во март:

https://photos.app.goo.gl/yaM9tr7yDajCVdce9

  • Поедноставен изглед на предниот дел на возилото.
  • LED-светла се вградуваат стандардно.
  • Нов изглед на препознатливите Side Scuttles.
  • Нов изглед на задниот браник, LED-задни светла и шема Union-Jack сега се стандард.
  • Единствено во светот: Покрив Multitone.
  • Нови бои за каросерија и нови алу-тркала.
  • Нов дизајн на површините во кокпитот и на отворите за воздух.
  • Нови волани, првпат опција за греење.
  • Дисплеј на патниот компјутер од 5 инчи.
  • Нова рамка на централниот инструмент со финиш Piano Black, стандардно со дисплеј од 8,8 инчи и модерна графика.
  • Нова варијанта на бои на спортските седишта Light Chequered.
  • Нова опција на амбиентално светло со збогатен обем.
  • Приспособливо подвозје со амортизација што е зависна од фрекфенциите
  • Првпат е достапна електрична паркирна сопирачка (од претходно стандард кај SE).
  • Активен темпомат збогатен со функција Stop & Go.
  • Повеќе безбедност со систем за следење лента и светло за лошо време.
  • Екстериер Piano Black со збогатен обем.
  • Нови пакети на опрема за повеќе индивидуалност.

Промените во изгледот на предниот дел ги нагласуваат најпрепознатливите детали. Рамката на маската сега е многу повпечатлива, а со отстранувањето на дел од стилските елементи е постигнато тркалезните предни светла да се издвојуваат уште посилно. На местото на позициските светла сега има исправени отвори за воздух. Дебелата лајсна во маската, којашто ја носи и регистерската таблица, повеќе не е црна, туку и таа е лакирана.

https://photos.app.goo.gl/5gzBPdkHoKQG52988

Отстрана има промени во арките на крилата, покрај коишто се забележуваат препознатливите Side Scuttles, сега со трепкачи со диодна техника. Подедноставувањето важи и назад, со црн панел во форма на предната маска и со одвај забележлива задна магленка што е интегрирана како LED-елемент во средината на задниот браник, веднаш над издувните цевки.

https://photos.app.goo.gl/fWmnzKr6NrqttZ1K7

Како предводник во воведувањето стилски иновации, Mini повторно нуди нешто специјално. Тоа е новиот Multitone Roof, кој е изведен со посебна техника на лакирање и по целата должина на покривот се прелева од San Marino Blue во Pearly Aqua до Jet Black боја. Трите бои се нанесуваат во постапка на лакирање влажно на влажно, при што се создаваат мали отстапки, а тоа значи дека секој Mini со овој покрив е уникат.

Новите модели се препознаваат и по сериските LED-светла, чиешто внатрешно куќиште повеќе не е хромирано, туку е црно. Опција се адаптивни светла, во чијшто обем спаѓаат светло при скршнување, матрично долго светло и светло за магла.

Мотори со технологија MINI TwinPower Turbo и издувна норма Euro 6d

Понудата од мотори во основата останува непроменета, извршени се зафати за исполнување на нормата Euro 6d, меѓу другото и со вградување филтер за честички чад кај бензинците. Моторите од 1,5 литар со три цилиндри покриваат дијапазон меѓу 75 и 136 КС, дволитарскиот четирицилиндарец постигнува 178 КС, односно 231 КС во двете изведби John Cooper Works. Сите бензинци поседуваат турбополнач интегриран во вшмукувачката гранка, директно впрскување и варијабилно управување со вентилите.

https://photos.app.goo.gl/BcKyoTVGfy4oy3A38

Ѕвезда во понудата и натаму е електричниот MINI Cooper SE со електромотор со 184 КС и нулта емисија на штетни материи. Според нормата WLTP, досегот со полна батерија се движи меѓу 203 и 234 километри.

Понудата од мотори за Mini со 3 и со 5 врати:

MINI One First 3-врати: 55 kW/75 КС, 0 – 100 km/h за 13,4 секунди, крајна брзина: 173 km/h, потрошувачка: 5,8 – 5,4 литри/100 km (WLTP), CO2-емисија: 133 – 122 g/km (WLTP).

MINI One 3-врати: 75 kW/102 КС, 0 – 100 km/h за 10,3 секунди (10,3 секунди), крајна брзина: 193 km/h (193 km/h), потрошувачка: 6,0 – 5,4 литри/100 km (6,1 – 5,5 литри/100 km) (WLTP), CO2-емисија: 136 – 123 g/km (138 – 124 g/km) (WLTP).

MINI Cooper 3-врати: 100 kW/136 КС, 0 – 100 km/h за 8,2 секунди (8,1 секунди), крајна брзина: 210 km/h (210 km/h), потрошувачка: 6,1 – 5,5 литри/100 km (6,1 – 5,5 литри/100 km) (WLTP), CO2-емисија: 138 – 124 g/km (138 – 124 g/km) (WLTP).

MINI Cooper S 3-врати: 131 kW/178 КС, 0 – 100 km/h за 6,7 секунди (6,6 секунди), крајна брзина: 235 km/h (235 km/h), потрошувачка: 6,7 – 6,2 литри/100 km (6,4 – 5,8 литри/100 km) (WLTP), CO2-емисија: 151 – 140 g/km (144 – 132 g/km) (WLTP).

MINI One First 5-врати: 55 kW/75 КС, 0 – 100 km/h за 13,9 секунди, крајна брзина: 172 km/h, потрошувачка: 5,9 – 5,4 литри/100 km (WLTP), CO2-емисија: 135 – 124 g/km (WLTP).

MINI One 5-врати: 75 kW/102 КС, 0 – 100 km/h за 10,6 секунди (10,6 секунди), крајна брзина: 192 km/h (192 km/h), потрошувачка: 6,1 – 5,5 литри/100 km (6,2 – 5,5 литри/100 km) (WLTP), CO2-емисија: 138 – 124 g/km (140 – 126 g/km) (WLTP).

MINI Cooper 5-врати: 100 kW/136 КС, 0 – 100 km/h за 8,4 секунди (8,3 секунди), крајна брзина: 207 km/h (207 km/h), потрошувачка: 6,1 – 5,5 литри/100 km (6,2 – 5,6 литри/100 km) (WLTP), CO2-емисија: 139 – 126 g/km (140 – 126 g/km) (WLTP).

MINI Cooper S 5-врати: 131 kW/178 КС, 0 – 100 km/h за 6,8 секунди (6,7 секунди), крајна брзина: 235 km/h (235 km/h), потрошувачка: 6,8 – 6,2 литри/100 km (6,5 – 5,9 литри/100 km) (WLTP),CO2-емисија: 154 – 141 g/km (147 – 134 g/km) (WLTP).

Mini со електричен погон

MINI Cooper SE: 135 kW/184 КС, 0 – 100 km/h за 7,3 секунди, крајна брзина: 150 km/h, потрошувачка: 17,6 – 15,2 kWh/100 km (WLTP), CO2-емисија: 0 g/km, досег: 203 – 234 km (WLTP).

Топ-спортски изведби John Cooper Works

MINI John Cooper Works: 170 kW/231 КС, 0 – 100 km/h за 6,3 секунди (6,1 секунди), крајна брзина: 246 km/h (246 km/h), потрошувачка: 7,1 – 6,8 литри/100 km (6,9 – 6,6 литри/100 km) (WLTP), CO2-емисија: 161 – 155 g/km (157 – 150 g/km) (WLTP).

MINI John Cooper Works Cabrio: 170 kW/231 КС, 0 – 100 km/h за 6,6 секунди (6,5 секунди), крајна брзина: 242 km/h (241 km/h), потрошувачка: 7,4 – 7,1 литри/100 km (7,1 – 6,9 литри/100 km) (WLTP), CO2-емисија: 167 – 161 g/km (162 – 156 g/km) (WLTP).

(Вредностите во заграда важат за модели со автоматски менувач).

Нова дефиниција за чувството на возење картинг, со новото приспособливо подвозје

Првпат во Mini може да се нарача адаптивно подвозје, коешто нуди баланс меѓу спортско и комфорно возење со постојаното менување на степенот на придушување на амортизерите, коешто зависи од фреквенцијата. Задача на дополнителниот вентил во повратниот од на амортизерите има задача да ги измазни ненадејните силни удари. Сето тоа трае 50 до 100 милисекунди. Ова подвозје е достапно само за изведбите со дволитарски мотори.

https://www.instagram.com/p/CKicfA7JMhd/

>>> Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla prodazba istocna evropa

Минатата година за Tesla беше прва со позитивен биланс

Kia Stonic GT Line

Stonic во трендовска изведба GT Line во салонот на Kia