за

Škoda Enyaq iV и Superb Combi шестпати „Семеен автомобил на годината“

Електричниот СУВ Škoda Enyaq iV и Superb Combi победија во шест категории во изборот на читателите на магазинот Auto Strassenverkehr за „Семеен автомобил на годината“.

Читателите на германскиот магазин Auto Strassenverkehr, сестринско издание на auto motor und sport, оценија дека Škoda Enyaq iV нуди најдобра технологија и најдобар дизајн, во гласањето за автомобил на годината. Комби изведбата на Superb победи во ценовниот сегмент меѓу 25.000 и 35.000 евра, со најдобра противвредност и најдобра технологија.

Škoda е најсемејна марка во изборот на „Семеен автомобил на годината“ на магазинот Auto Strassenverkehr. Од првиот избор што се одржа пред десет години, чешката марка досега постигна вкупно 40 победи со помош на гласовите на читателите.

,Sixpack‘ на Škoda: На овогодишното издание на изборот на читателите на AUTO Straßenverkehr, чешкиот производител постигна шест победи, со електричниот СУВ Škoda Enyaq iV и со комби изведбата на Škoda Superb. Од вкупно 11.500 гласови на читатели, најмногу ѝ припаднаа на Škoda.

Во ценовниот сегмент до 25.000 евра (вклучувајќи ја субвенцијата за електрични возила во Германија), Škoda Enyaq iV се избори за победа во конкуренција на увозни марки и во општа конкуренција, во категоријата за најдобра технологија се збори. Покрај тоа, моделот ја обезбеди и титулата за најдобар дизајн меѓу увозните марки.

Škoda Superb Combi исто така постигна три победи, во ценовниот сегмент меѓу 25.000 и 35.000 евра. Тој беше најбедлив со противвредноста, исто така во конкуренција на увозни марки и во општа конкуренција, а победи и во категоријата за најдобра технологија, во конкуренција на увозни марки. Со најновите титули, Škoda вкупно 40 пати досега има победувано во овој избор.

Во изборот влегуваат само комби-изведби, СУВ и ванови, со багажник од најмалку 400 литри. Годинава во трка за гласови од читателите се најдоа 124 модели, во три ценовни сегменти. Во секој сегмент се избира победник во вкупна конкуренција и во конкуренција на увозни марки, во три категории: Дизајн, технологија и противвредност. Читателите гласаа од 31-ви март до 25-ти јуни.

>>> Škoda цели на место во Топ 5 до 2030 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Новата Opel Astra внесува „класа“ меѓу компактите

ЕУ планира забрана за извоз на автомобили со послаба норма од Еуро 5