Škoda цели на место во Топ 5 до 2030 година

Škoda преоѓа на следното ниво, марката во следниот период ќе постапува според „NEXT LEVEL – Škoda STRATEGY 2030“. Меѓу главните цели е Škoda да се пробие во европскиот Топ 5, продажбата на електрични возила да се зголеми за најмалку 50% и преземање лидерство на пазарите во Индија, Русија и Северна Африка.

Škoda почнува со реализацијата на NEXT LEVEL – Škoda STRATEGY 2030. Интернационализација, електрификација и дигитализација се главните носители на стратегијата на чешката марка до крајот на деценијава. Меѓу најзвучните цели секако е планот Škoda со продажбата да се пробие во европскиот Топ 5, додека марката паралелно ќе се развива во водечки европски производител на пазарите во Индија, Русија и Северна Африка.

Со поддршка од политиката и бизнисот, Škoda ќе работи и на целта Чешка да прерасне во центар на електромобилноста, вклуќувајќи и голем број нови вработувања. Новата визија на марката што ја предводи Германецот Томас Шефер е „да помогнеме светот да живее попаметно“. Со тоа оди и новата мисија, којашто гласи: „Модерна достапна мобилност со сé што ви е потребно и со изненадувања какви што сакате.“

За Škoda да ги исполни поставените цели, се предвидува и јакнење на марката во основните автомобилски класи. Доказ за тоа е новата генерација на Škoda Fabia, којашто во основната изведб ќе чини помалку од 14.000 евра. Во гамата ќе се придружат најмалку три електрични модели до 2030 година, кои ќе бидат позиционирани под Enyaq iV. Целта е уделот на електрични автомобили да се движи меѓу 50 и 70 проценти, зависно од тоа како ќе се развива пазарот.

Делови за електричен погон и електрични возила ќе се произведуваат во сите три фабрики на Škoda во Чешка. Во нив веќе се произведуваат високонапонски погонски батерии за Superb iV и Octavia iV, како и за останатите модели од концернот. В година во Млада Болеслав стартува и производство на батериски системи за Enyaq iV.

Со натамошното јакнење на Škoda на пазарите во Индија, Русија и Северна Африка, глобалната продукција на марката до 2030 година се очекува да достигне 1,5 милион возила. Škoda е носител на активностите на концернот Volkswagen на овие пазари. Првиот модел од новата улога на чешката марка на овие пазари е Kushaq, развиен и дизајниран за Индија, и секако, произведуван локално. Овој модел наскоро треба да стартува и на околните пазари.

Цел на дигитализацијата е еден од секои пет автомобили Škoda до 2025 година да се продава онлајн. Оваа можност уште денес е достапна за клиентите во Белгија, Холандија, Полска и Чешка.

Претходна објаваVolkswagen понуди милијарда евра за преземање на Europcar
Следна објаваPorsche 911 GT2 RS постави рекорд за сериски возила на Нирбургринг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here