за

Škoda Enyaq iV претставена во 60 секунди

Познатиот автомобилски ентузијаст Алекс Керстен ja тестираше електричната Škoda Enyaq iV. Што може да каже водителот на Car Throttle за само 60 секунди за новиот СУВ-модел на Чесите?

Исклучителен дизајн и многу тивко возење: Тоа се само две од многубројните предности на електричната Škoda Enyaq iV. Кусото видео со британскиот новинар Алекс Керстен води кон јасниот заклучок: „Големата маска, матричните диодни светла и профилираната хауба му даваат карактер на предниот дел, додека закосениот покрив и големите тркала од 21 инчи прават автомобилот уште во мирување да изгледа како да вози 160 km/h.”

Алекс набројува и дел од богатите опции што им стојат на располагање на клиентите на Enyaq iV. Понудата опфаќа шест различни стилови за надворешноста, три различни големини на батерија со досег до 520 километри, погон назад или на сите тркала, како и пет степени на моќност и перформанси, со максимални 306 КС.

„Возењето Enyaq iV е многу забавно поради задниот погон, ниското тежиште и тежинската распределба 50:50 меѓу оските,“ напоменува Алекс. Очигледно е дека моделот што ја води марката Škoda во електричната ера му оставил силен впечаток. Тој наскоро ќе објави многу подетално претставување на Škoda Enyaq iV.

Алекс е познат по неговото учество во Car Throttle, канал на јутјуб што датира уште од 2009 година. Тој предизвика големо внимание на сцената со видео-серијата за Škoda Octavia од првата генерација, купена како користено возило со 700.000 евра за само 200 фунти. Алекс на друштвените мрежи е присутен под @autoalex.

>>> Фолксвагенова симфонија број 8 во MQB-мајор

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

До фабриките на Volkswagen тече 95% струја од обновливи извори

Камиони со погон на метан доставуваат материјали до фабриката на Mini