Камиони со погон на метан доставуваат материјали до фабриката на Mini

Производителите на автомобили вложуваат многу во одржливоста и во намалувањето на климатските промени. Mini, како дел од групацијата BMW, ангажира нови 18 камиони на шпедитерот Imperial што користат течен метан. Овие камиони доставуваат делови од добавувачите до фабриката на Mini во Оксфорд по вкупно 15 рути.

Камионите со погон на течен метан имаат пониска потрошувачка, пониска емисија на штетни материи и се потивки. Околу 20% од камионите што моментно доставуваат компоненти до фабриката на Mini во Оксфорд користат течен метан. Во иднина се планира намалување до 90%, со примена на био-метан.

Шпедитерот Imperial во минатите 12 месеци вршеше обемни тестирања со камиони со погон на течен метан (LNG, liquified natural gas) во Велика Британија и во Германија. Во близина на фабриката во Оксфорд е поставена станица за течен метан, којашто ја користат камионите на Imperial. Инфраструктурата од вакви станици уште е многу скромна.

Mini во Оксфорд применува т.н. стратегија за одржливост во 360 степени, којашто вклучува топлински пумпи, производство во согласност со животната средина, собирање дождовница и соларен систем што се вбројува меѓу најголемите во земјата. Следен чекор е унапредување на одржливоста во синџирот од добавувачи и во логистиката.

>>> BMW iX & BMW i4 ќе се произведуваат со зелена струја од минхенската „Матка“

Претходна објаваŠkoda Enyaq iV претставена во 60 секунди
Следна објаваToyota Yaris Cross е новиот конкурент на Peugeot 2008

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here