Škoda постигна најголем број победи за една марка во историјата на Auto Trophy, освојувајќи титула во дури осум категории.
Чесите освоија повеќе награди за својата Škoda отколку која било друга марка во 34-та година на изборот за Auto Trophy. Читателите на германскиот магазин Auto Zeitung со своите гласови решаваат за победниците. Fabia победи меѓу увозните модели во категоријата на градски автомобили, додека Octavia беше најдобра меѓу компактите од увозните марки.
Kamiq е именуван за најдобар СУВ до 25.000 евра меѓу увозните марки, Superb победи како увозен модел во луксузната класа и како автомобил што нуди најдобра противвредност. Enyaq iV беше несовладлив во категоријата електрични СУВ модели до 50.000 евра, меѓу увозните модели, но и во општа конкуренција. Читателите исто така ја изгласаа Škoda за најдобра увозна марка.
Škoda осумпати во низа победува на Auto Trophy како најдобра увозна марка
За изборот пристигнаа гласови од 12.126 читатели и онлајн-корисници на германскиот магазин Auto Zeitung. Се гласаше за 248 модели од 138 марки, во 36 категории, главно поделени според критериум на домашни и увозни марки.