за

Škoda за 15 месеци произведе 100.000 батерии за хибридни возила

Матичната фабрика на Škoda во Млада Болеслав за само 15 месеци достигна продукција од 100.000 високонапонски батерии.

Škoda за 15 месеци произведе 100.000 батерии за хибридни возила

Škoda произведе 100.000 високонапонски батерии за хибриден погон. Чешката марка за ова производство вложи 25,3 милиони евра во 2019 година. Површина од 2.000 метри квадратни, освен за производство на батерии за сопствените модели со приклучен хибриден погон, се користи и за батерии за Audi, Seat и Volkswagen..

Сопствените модели на Škoda во коишто се вградуваат батерии во погонската спрега се Superb iV и Octavia iV. Дневно се произведуваат близу 800 батерии. Млада Болеслав започна со производство на високонапонски батерии во септември 2019 година. Оттогаш постојано се зголемува продукцијата.

Процесот на изработка на батерија трае околу два часа, при што се поминуваат 66 различни работни станици. Од производствената линија за батерии за модели врз база на MQB со приклучен хибриден погон се симнува по една батерија на секои 88 секунди.

Во секоја смена работат 58 вработени лица, кои при ракувањето со тешките и гломазни батерии добиваат помош од 13 вкупно роботи. Тие се проектирани за тежини меѓу 210 и 500 килограми и имаат задача да ги постават батериските модули на производствената лента или да ги редат готовите батерии во палети.

Батериите подлежат на темелно тестирање пред вградувањето. Тоа вклучува и проверка на системот за ладење, меѓу другото и проверка дали протекува. Електричните функции се проверуваат на 13 пробни станици. На крајот следи и полнење на батеријата до одредено ниво.

>>> Škoda Octavia номинирана за Европски автомобил за 2021 година

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

dacia sandero stepway salon

Dacia Sandero Stepway прави ценовно-дизајнерски подвиг

Renault R5 Concept

Електричен Renault R5 во замена за Zoe, има шанси и за R4