за

Електричен Renault R5 во замена за Zoe, има шанси и за R4

Лука де Мео најави големи новини од француската групација во интервју за Automotive News.

Renault R5 Concept

Шефот на групацијата Renault планира марката Dacia да ја претвори во светски играч, има и конкретни најави за електричен Renault 5, во стилот на легендарните модели од 1970-те и 1980-те години.

Француската групација од почетокот на годинава плови по нов курс, поставен од шефот Лука де Мео. Обемната стратегија за иднината се води како Renaulution, и во неа освен за матичната марка Renault, се предвидуваат и крупни промени за останатите марки од групацијата, односно за Dacia, Lada и Alpine. Во долго интервју за Automotive News, кој е сопствено гласило на автомобилската индустрија, Де Мео посочи дека Dacia во иднина би можело да прерасне во глобален играч, место да биде сосредострочена главно на европскиот пазар.

Duster и Sandero моментно се продаваат на пазарите во Индија, Русија и во Јужна Америка под марката Renault. Тоа може да се смени за десетина години. Серискиот автомобил што ќе произлезе од студијата Dacia Bigster, во Латинска Америка ќе се продава како Renault. Потребна е една и пол моделска генерација, пред Renault да може на тамошните пазари да се позиционира повисоко и на тој начин да се создаде простор за Dacia да се развива како глобална марка“, изјави извршниот директор на групацијата Renault.

dacia bigster

Неодамна претставениот концепт Renault 5 со електричен погон наиде на одличен интерес на сцената, меѓутоа од компанијата не дадоа никаква конкретна најава дали таков модел навистина ќе се појави во понудата на марката. Лука де Мео во интервјуто го официјализираше реализирањето на таа идеја. Сериската верзија на R5 Concept ќе биде наследник на електричниот Zoe.

Долгогодишниот бестселер на сцената на електричните автомобили имаше големо моделско освежување пред две години, вклучувајќи и нова технологија, меѓутоа основата на автомобилот датира од 2012 година. Renault Zoe се ближи кон крајот на својот моделски век, само прашање на време е кога ќе се случи обновата на овој важен модел во понудата на Французите.

Renault R 4 e-plein air
Renault R 4 e-Plein Air

Можно е R5 да не биде единствениот ретро-модел на Renault што ќе го видиме за неколку години. На прашањето, како Де Мео ги оценува гласините за електричен R4, директорот одговори: „Многу убав автомобил. Само ќе додадам дека сум пасиониран љубител на историските модели.“ Тоа уште не е конкретна потврда дека Renault 4 навистина ќе доживее да биде наследен од електричен автомобил по неколку децении откако тој си замина од пазарот, но влева надежи. Renault уште во средината на 2019 година прикажа електрична верзија врз база на оригиналниот R4 Plein Air и логично го преименува во e-Plein Air.

>>> „Ренолуцијата“ става нагласок на електричен погон и на Megane

2021 - Dacia Bigster Concept - Renault 5 Prototype - Mobilize EZ-1 Prototype - A521 - „Ренолуцијата“ става нагласок на електричен погон и на Megane

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Škoda за 15 месеци произведе 100.000 батерии за хибридни возила

Škoda за 15 месеци произведе 100.000 батерии за хибридни возила

audi e-tron gt premiera

Audi e-tron GT како будилник за ерата во којашто живееме