за

Audi e-tron GT како будилник за ерата во којашто живееме

Основата на Audi e-tron GT потекнува од електричната суперѕвезда на концернот, од Porsche Taycan. За да се издвои од таа сенка, e-tron GT буквално се издвојува, со дизајн од којшто минуваат морници.

audi e-tron gt premiera

Тоа што Audi сака да го постигне со e-tron GT е да докаже колку електромобилноста може да фасцинира. Во најомилената каросериска форма на Audi, во форма на купе-лимузина со елеганција на Audi A5 Coupe и историска силуета на Audi 100 Coupe S, овој автомобил соединува емотивен дизајн со моќен погон и врвни возни својства.

Audi кажува дека тоа е почеток на нова ера, појавување на гран-туризмо на иднината. „Тоа е Audi каков што досега не постоел“, порачуваат од Инголштат. Резервациите за електричниот гран туризмо ќе почнат многу брзо, уште во текот на февруари. Може да се избира меѓу e-tron GT quattro и неговата тркачка варијанта RS e-tron GT.

Двете изведби се моќни, брзи и динамични, а притоа не испуштаат ниту грам штетна емисија. Збирот од овие квалитети создава карактер што од корен ја менува претставата за гран-туризмо модел. Колку и да е врвна погонската техника и колку и да е напредна технологијата до последниот милиметар на овој автомобил, надворешниот изглед и натаму е главното што решава дали некој автомобил ќе им се допаѓа на луѓето или нема да им се допаѓа. Овој дизајн е непогрешлив, футуристички лут, толку препозлатлив, а во исто време нов.

Audi го објаснува тоа: „Надворешноста на Audi e-tron GT е динамичко уметничко дело во целина. Секоја површина и секоја линија е погодена – од светлата, по желба со ласерско светло, до големиот дифузор назад“. Каросеријата изгледа како скулптура што се формирала самата од движењето низ воздухот, од струењето на воздухот околу неа. Коефициентот на отпор на водих е 0,24.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатрешноста исто е во стил на класичен гран туризмо. Возачот и совозачот седат ниско, разделени со широка средишна конзола. Назад има место и за возрасни патници. Внатрешниот дизајн се толкува како прогресивна елеганција и тој го заокружува карактерот на автомобилот.

Гран туризмо е спортски патнички автомобил со висока возна динамиика, неуморен крстосувач. За Audi e-tron GT навистина да биде таков придонесуваат електромоторите со моќност од 350 kW (476 КС), односно 440 kW (598 КС) во RS. Реалниот досег со батеријата од 85 kWh изнесува до 487 километри. Audi e-tron GT е брз и во полнењето на батеријата. Со 800 волтна техника може да се користат полначи со еднонасочна струја и да се полни со моќност до 270 kW.

Стандарниот модел спринтува до темпо сто за 4,1 секунди, на RS му се доволни 3,3 секунди. Крајната брзина за e-tron GT изнесува 245 km/h, RS продолжува уште 5 km/h пред да се вклучи граничикот.

Предниот електромотор во e-tron GT постигнува 175 kW (238 КС), задниот 320 kW (435 КС). Двата електромотори располагаат со резерва за екстремни ситуации и поради тоа нивната единечна моќ ја надминува системската моќ од 476 КС. Вкупниот вртежен момент е 630 Nm (+10 Nm Boost). За RS e-tron GT: 175 + 335 kW, системски 498 КС, 830 Nm. Неговата моќност може краткотрајно да достигне 646 КС.

За подвозјето посебно се внимавало да се погоди балансот меѓу динамика и комфор. За тоа придонесуваат технологии како Audi drive select, управување на сите тркала, активна амортизација, пневматска суспензија со три комори, електричен погон на сите тркала и блокада на задниот диференцијал. Тркалата имаат пречник до 21 инчи, а сопирачките дискови – со доплата од карбон-керамика – имаат пречник до 420 милиметри.

Најнапредни решенија за конективност се подрзбираат, заедно со онлајн-услуги во рамките на Audi connect. Истото важи и за системите за асистенција. Крајот го краси делото, но во случајот на Audi e-tron GT, звукот е тој што го краси делото. Посебно за него е компониран сопствен звук, кој оддава моќ и делува прогресивно.

Основната цена за Audi e-tron GT quattro во Германија изнесува 99.800 евра, за RS-варијантата се пторебни 138.200 евра.

>>> Марк Лихте, дизајнер на Audi: „Естетиката извира од ефикасноста“

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault R5 Concept

Електричен Renault R5 во замена за Zoe, има шанси и за R4

Toyota среде Америка произведе 30 милиони автомобили

Toyota среде Америка произведе 30 милиони автомобили