Од вкупно пристигнатите предлози, 850 веќе се применуваат и му овозможиле на шпанскиот производител на автомобили Seat да заштеди средства во висина од 7,2 милиони евра.
Во рамките на програмата за оптимизација „Seat Ideas“, вработените можат да ги поднесат своите идеи преку дигитална платформа. Нивните идеи понатаму се разгледуваат од стручни лица и се применуваат доколку истите носат корист. Како награда за иновативноста, Seat на своите иноватори им доделува премии. Лани за тоа се исплатени вкупно 900.000 евра.
Лани најголем број предлози за заштеда биле поднесени во подрачјето на производството, особено во делот на обработка на ламарина. Потоа следат енергетскиот менаџмент и управувањето со објекти, како и логистиката.
Најголема заштеда е постигната преку алгоритмот за пријавување, што го следи системот на испратници што се издаваат за JIT-компоненти (Just in Time, односно делови од коишто не постои залиха и кои е потребно да се обезбедат во рок од само неколку часови). Од друга страна, намалување на емисијата на СО2 било постигнато со замена на пумпите за масло со вакумски пумпи, во системите за ладење на производствените постројки.
>>> Тест: Seat Leon 1.5 eTSI FR

















