за

Како студот му влијае на приклучниот хибриден погон

Експерти на Seat наведуваат четири правила на кои треба да се внимава во секојдневието со приклучниот хибриден погон во текот на зимата.

Како студот му влијае на приклучниот хибриден погон

Деновиве се чини како студовите да завршиле, но временските прогнози укажуваат на повторно и драстично заладување кон средината на месецот. Не е новина дека ниските температури им влијаат на автомобилите. Прашањето е: Како тие им влијаат на возилата со приклучен хибриден погон?

Првото што се препорачува е автомобилот да се приклучи на полнач веднаш по пристигањето. Батеријата, а под тоа се подразбира цел батериски систем, располага со најразлични функции и методи на управување со енергијата, со цел да се намали влијанието на ниските температури врз системот.

Франсеск Сабате, главен инженер за развој на енергетски системи во Seat, советува: „Студот влијае врз перформансите на батериајта поради електрохемиските процеси што се одвиваат во литиум-јонските ќелии. Најдобро е батеријата да се полни во затворен простор, заштитен од директен студ, веднаш по пристигањето, со цел да се задржи температурата на батеријата.“ На тој начин се скусува времето за полнење на батеријата.

Seat Leon e-Hybrid на обичен приклучок за струја се полни за 5 часови, односно за 3:40 часови при користење ѕиден полнач

Оставањето кабината да се загрее пред поаѓање, исто помага да се продолжи електричниот досег на Leon e-Hybrid. Електричните компоненти се најделотворни при 21.5º-22ºC. За оваа температура да се постигне без да се троши енергијата во батеријата, „најдобро е неколку минути пред поаѓањето да се вклучи греењето во кабината, како и грејачите во седиштата или на воланот, додека возилото уште е на полнач“, препорачува Франсеск. Сето тоа може да се изврши далечински, преку мобилната апликација Seat Connect. На тој начин, енергијата во батеријата нема да се троши за греење на кабината, откако ќе се појде со возилото.

Реалниот досег на Seat Leon e-Hybrid при возење чисто на струја изнесува до 64 километри

При исклучително студено време, Seat Leon e-Hybrid треба да остане приклучен на полнач додека е паркиран, за да се овозможи автоматско вклучување на функцијата за предгревање на кабината и на самата батерија, пред да се појде. Единствено е потребно да се внимава контактот во возилото да се остави вклучен. Во тој случај, во времето што претходно е наместено за греењето да почне, на пример 15 минути пред да се појде на работа, автоматски се вклучува бензинскиот мотор и неговата топлина се користи за кабината да се загрее побрзо – батеријата, исто така.

Главниот совет на Франсеск за постигнување колку е можно подолг електричен досег секако е да се вози рамномерно, без нагло сопирање и забрзување. Уште една предност на возилата со приклучен хибриден погон е во тоа што во зима нема потреба да се „загрее моторот“, затоа што електромоторот повлекува моќно веднаш. Рамномерното возење е важно и поради тоа што се добива можност за возилото во одредени ситуации да се пушти со залетот што го има, при што енергијата се користи за полнење на батеријата. Притоа може да се „добијат“ и неколку километри екстра досег.

SEAT Leon e-HYBRID (PHEV, приклучен хибриден погон)

  • Електромотор 115 КС (85 kW)
  • Капацитет на батерија 13 kWh
  • Досег до 64 km (WLTP)
  • Бензински мотор 1,4 TSI со 150 КС (110 kW)
  • Системска моќност на погонот 204 КС

>>> Тест: Seat Leon 1.5 eTSI FR

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

suzuki gsx 1300 rr hayabusa

Hayabusa: Сивиот сокол на Suzuki се врати со 190 КС и 299 km/h

airspeeder mk3 летечки автомобили

Тркачка серија со летачки автомобили почнува годинава