за

Тркачка серија со летачки автомобили почнува годинава

Airspeeder Mk3, прво далечински управувано електрично возило со вертикално полетување и приземјување и со место за човек, подготвено е за трки.

Првата тркачка серија со летачки автомобили се подготвува за стартот кој ќе следи подоцна годинава. Возилата во почетокот ќе се управуваат далечински, в година во нив ќе седи човек.

Мотоспортот годинава ќе се збогати со тркачка серија каква што светот досега нема видено. Првата сезона на трки со големи дронови со моќен погон што може да издржи тежина на човек ќе биде само демонстративна. Серијата ќе заживее во полн обем дури в година, откако пилоти ќе седнат во дронот и директно ќе управуваат со него.

Летала од трета генерација моментно се изработуваат во седиштето на Airspeeder и Alauda во Аделаида, во Јужна Австранија. Десетина возила ќе се изработат и ќе им се испорачаат на тимовите во текот на годинава.

Пред почетокот на светското првенство претстојат тестирања во Австралија, коишто ќе се изведат во изолиран простор.

Трките со Airspeeder Mk3 вистински ќе ги покажат динамиката, перформансите, безбедноста и погонската технологија, што понатаму ќе се користат за доусовршување на леталата во Airspeede Mk4 – тие ќе бидат управувани директно од човек што ќе седи во нив.

Многу се внимава на безбедноста

Леталата ќе користат врвна сензорска технологија за избегнување судири, како LiDar и радари. На тој начин ќе се создаде еден вид заштитен простор околу леталото. Mk3 поседува лесна карбонска рамка и школка со врвна цврстина и крутост.

Погонот е унапреден од претходната генерација Mk2, со моќност зголемена за 95%, а притоа тежината порасна за одвај 50 проценти. Електромоторот постигнува моќност од 96 kW, со двојно поголем потисок од тежината, којашто изнесува 100 килограми. Mk3 ќе лета со брзина од преку 120 km/h.

Првите трки во светот со електрични летачки автомобили ќе бидат највозбудливиот и најнапреден мотоспорт на планетата

Мет Пирсон, основач на Airspeeder и Alauda Aeronautics

Пилотите при летањето ќе можат да ги постигнат истите остри маневри на промена на правец како во Формула 1, со таа разлика што ќе постои и трета димензија, односно возилата ќе можат да ја менуваат висината.

Развиена е посебна технологија за брзо и едноставно отстранување на истрошената батерија за време на трката и замена со полна, што ќе се врши во „боксовите“ на тимовите. Тоа е една од главните новини во третата генерација на „летачката формула 1“.

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како студот му влијае на приклучниот хибриден погон

Како студот му влијае на приклучниот хибриден погон

hyundai nexo

Британски GQ го оцени Hyundai Nexo како најдобар алтернативец