Според магазинот, Hyundai „храбро влегува таму каде што претходно влегле само неколку производители“. Британците веруваат дека водородот може да стане „поефикасен и практичен извор на енергија за автомобилите.“
Hyundai Nexo Fuel Cell веќе стартуваше со продажба на британскиот пазар и уште рано го освојува насловот на „Автомобил со алтернативен погон на годината“ во изборот на GQ, кој годинава се одржа во дигитална форма.
Nexo е технолошки знаменосец во растечката понуда од еко-возила на Hyundai. Корејскиот производител го води моделот како ‘future utility vehicle’, односно како спој меѓу практичност на СУВ и напреден електричен погон, комплетни системи за асистенција и свеж дизајнерски пристап. Единственото што излегува од издувната цевка се капки вода. За Nexo буквално важи дека го прочистува воздухот додека минува.
Приципот на работа се сведува на тоа што водородот се пушта во т.н. горивна ќелија, во којашто се наоѓа мембрана низ којашто минуваат само протоните. Електроните остануваат од другата страна на ќелијата, со што се создава енергетска нерамнотежа, којашто понатаму води кон тоа електроните да ја „обиколат“ мембраната. Понатаму е класика: Движењето на електроните претставува електрична струја, којашто се користи за напојување на погонскиот електормотор… Во погонот влегува и мала батерија од 1,56 kWh, главно како резерва.
Водородниот погон важи како најчист и најефикасен вид на погон што моментно е достапен во сериско производство. Водородниот погон го нуди само уште Toyota, којашто неодамна ја претстави втората генерација од својата лимузина Mirai.
Hyundai наскоро ќе го претстави електричниот Ioniq 5, како прв модел од подмарката специјализирана за алтернативен погон. Ioniq 5 е воедно и прв модел што ќе ја користи новата платформа E-GMP на групацијата на Hyundai и Kia, развиена исклучиво за модели со погон на струја. До средината на деценијата, Hyundai ќе нуди вкупно 44 модели со електрифициран или електричен погон, од кои 13 хибриди, шест приклучни хибриди, 23 батериски електрични и два водородни модели.
https://www.instagram.com/p/CKyYg-XIz7v/
















