за

РСБСП и Мотоцентар укажуваат на предностите од зимската авто-опрема

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и МВР, во соработка со Мотоцентар и Сити Мол, одржаа акција „Биди подготвен за безбедно патување во зима“.

РСБСП и Мотоцентар укажуваат на предностите од зимската опрема

Денешниот настан беше организиран во рамките на Зимската кампања 2020-2021 и имаше за цел подигање на свеста за поголема употреба на зимска опрема во возилата и презентација на позитивните ефекти од употребата на зимската опрема. Во таа насока, покрај засилените сообраќајни контроли за поседување на зимска опрема во возилата, возачите денес добиваа совети, едукативни материјали и ваучери за полесно обезбедување на соодветна зимска опрема.

На денешниот настан пред Сити Мол, организаторот РСБСП уште еднаш потсети, дека од 15-ти ноември до 15-ти март наредната година, возачите имаат обврска за поседување на зимска опрема во возилата.

Под зимска опрема за моторни возила со дозволена маса до 3.500 kg, се подразбираат зимски гуми на сите тркала со минимална длабочина на шарите од четири милиметри (4 mm) или летни гуми на сите тркала со длабочина на шарите од четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала.

Под зимска опрема за моторни возила со маса над 3.500 kg се подразбира: зимски гуми на погонските тркала со минимална длабочина на шарите од шест милиметри (6mm) или летни гуми на сите тркала со длабочина на шарите од минимум четири милиметри (4 mm) и синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врвови.

Со цел појасно толкување на Правилникот за користење на дополнителна опрема во возилата, РСБСП потенцира дека во случај кога се користат зимски пневматици не постои обврска за поседување на синџири за снег. Исто така, особено важно е тоа што обврската за носење на зимска опрема се однесува за сите возила кои учествуваат во сообраќај на пат независно дали е тоа во населено или надвор од населено место. Комбинацијата, односно истовремена употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејки го нарушува процесот на управување на возилото, а посебно ја нарушува траекторијата на движење и запирање на возилото.

Гордана Кожуваровска, претседателка на РСБСП, апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат одговорни, да користат соодветна зимска опрема и да направат соодветна зимска проверка и подготовка на возилото. „Дожд, снег, влажни и замрзнати колoвози, не дозволувајте ништо да ве изненади. Бидете подготвени за безбедно патување во зима“, нагласи Кожуваровска при денешната едукативна акција.

#КористиЗимскаОпрема!

>>>Тест на зимски гуми на АДАК со димензија 205/55 R16

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кадис семејство Каленикови Ка-Дис

Кадис одбележува 30 години присуство на автомобилската сцена

Mercedes-AMG GT 63 стар една година со 100.000 евра „попуст“

Ексклузивна испорака на Mercedes-AMG GT 63 во Мак Аутостар