за

Кадис одбележува 30 години присуство на автомобилската сцена

Едно големо име од автомобилската сцена деновиве ја потсетува јавноста на најубавите поглавја во македонскиот автомобилизам. Кадис на Каленинови ја почнува четвртата деценија.

Кадис семејство Каленикови Ка-Дис

Кадис се вбројува меѓу првите приватни фирми во Република Македонија, основана од семејството Каленикови, којашто пред 30 години го започнува бизнисот со продажба и сервисирање на автомобили. Низ долгата и успешна историја, името на оваа фирма се поврзува со повеќе автомобилски марки, а честопати и со спектакуларни премиери на домашната автомобилска сцена, што во тие времиња бележи најголем напредок.

Главното историско поглавје во постоењето на Ка-Дис се поврзува со шпанската марка Seat. Со иновативните и свежи пристапи на браќата Каленикови, како и со вештиот менаџмент на госпоѓа Славка и господин Бранко Каленикови, Seat стекнува моќен имиџ на македонската сцена. Тоа резултира со одлична продажба и со еден од највисоките удели што шпанската марка ги постигнува на своите извозни пазари ширум Европа.

Домашните премиери на новите модели во организацијата не заостануваат зад европските, настаните неретко се тема и на главните вести. Не се пропушта и македонските новинари да присуствуваат на повеќе дузини светски премиери.

Во 2014 година, Ка-Дис ја прекинува соработката со Seat и се ориентира кон јапонската марка Nissan, вдомувајќи ја посебно во нов репрезентативен објект. Паралелно со тоа продолжува традицијата во работата со марките Renault и Dacia. Трите марки на француско-јапонската алијанса денес постигнуваат едно од највпечатливите присуства на македонскиот пазар, вклучувајќи и традиционална поддршка на бројни културни манифестации, но и чинови на општествена одговорност и хуманитарна свест.

Според последните статистики што компанијата ги објавила во 2015 година за своето дотогашно работење, наведени се вкупно 18.300 продадени возила и 65.000 влезови во сервис. Од Ка-Дис порачуваат дека се „горди на постигнатите успеси, општествено одговорни и хуманитарно посветени продолжуваме и понатаму по истиот пат и се надеваат наскоро да се укаже можност за заеднички да се наздрави во чест на значајниот јубилеј.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ducati monster 2021

Ducati има сосем нов Monster за 2021 година

РСБСП и Мотоцентар укажуваат на предностите од зимската опрема

РСБСП и Мотоцентар укажуваат на предностите од зимската авто-опрема