Ducati има сосем нов Monster за 2021 година

ducati monster 2021

Главниот носител на имиџот на италијанската марка е пречистен од секаков вишок, но остана и без решеткастата рамка од претходникот, како и без дополнителната ознака за работната зафатнина.

Моќноста на новиот Ducati Monster е зголемена незначително на 111 КС при 9.250 вртежи. Двоцилиндарецот во V со работна зафатнина од 937 сантиметри кубни сега директно е закачен со главата на моторот за кусата алуминиумска рамка. Ducati ја смали тежината без работни течности на 166 килограми. За тоа придонесе и помошната рамка во задниот дел, што е изработена од полимер зајакнат со фиберглас.

Наследничката на Monster 821 што е олеснета за 18 килограми, доаѓа стандардно со брз шалтер, тристепен ABЅ за свијоци со деактивирање на задното тркало, со контрола за брз старт и со Wheelie Control. Дисплејот од 4,3 инчи е изведен по пример на Panigale V4.

Заради подобра управливост, аголот на вртење на воланот е зголемен за 7 степени. Комплет за спуштање стои на располагање, доколку има потреба за тоа. Новина е изведбата Monster Plus со аеродинамичен оклоп околу кокпитот и поклопец за седиштето за совозач.

Испораките се очекува да започнат во април. Околу цените уште нема детали.

>>> Овој мотоцикл Ducati е како Lamborghini на две тркала

Претходна објаваToyota унапреди едно чудо менаџери во европската мрежа
Следна објаваКадис одбележува 30 години присуство на автомобилската сцена