за

Ексклузивна испорака на Mercedes-AMG GT 63 во Мак Аутостар

Мак Аутостар лани направи уште еден пионерски чекор со отворањето на бизнисот со млади користени автомобили. Еден исклучителен автомобил во салонот на Premium Used го привлече вниманието на сцената.

Mercedes-AMG GT 63 стар една година со 100.000 евра „попуст“

Уште една приказна од светот на суперавтомобилите и супербогатите. Во салонот за користени возила на Мак Аутостар пристигна Mercedes-AMG GT 63, кој е „стар“ само една година. Тоа ќе биде едно од најексклузивните возила по македонските улици.

Екстремен пример во „пионерскиот“ салон за користени возила на Мак Аутостар, традиционалниот и угледен увозник на Mercedes-Benz, Mitsubishi Motors & Co. Салонот во новиот бизнис-блок покрај булеварот е наменет за млади користени возила од марката со сребрената ѕвезда, за коишто менаџментот на Premium Used внимава да ги избира до пет години старост. Тоа се т.н. Junge Sterne, односно млади ѕвезди, а пионерската улога на Premium Used, како што официјално се води салонот, се состои во тоа што овие возила исклучително ретко се наоѓаат на поширокиот пазар на користени возила. Но, затоа, внатре во мрежата на Mercedes-Benz, може да се организира за овие млади користени возила да се обезбедат и за нашиот пазар.

Понудата е сосем свежа и засега единствена во Македонија, кадешто пазарот на користени возила е сведен на крајност и пренатрупан е со измалтретирани маратонци со манипулирана километража, кои најмногу што можат да доживеат е уште една купопродажна трансакција, пред да заврши нивното постоење на овој свет. Premium Used балансира меѓу пазарот на нови и пазарот на користени. Тоа балансирање некогаш ќе доживува и вакви екстремни примери: Mercedes-AMG GT 63 произведен во 2019 година, со одвај 17.000 километри и со триесетина ставки дополнителна опрема, што заедно чинат колку C-Class со шестцилиндарец пристигна во салонот на Premium Used на Мак Аутостар.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Топ-моделот од сопствен развој на спортската марка Mercedes-AMG нов чини над 200.000 евра. GT 63 е несекојдневна комбинација од моќност од 585 КС и комоција за пет патници, плус багажник од 530 литри.

Premium Used е еден од оние храбри чекори што во време на корона носат раст во бизнисот; Шеесетина продадени автомобили досега се добар биланс

Македонскиот пазар првпат се соочува со вакви примери. Premium Used со овој радикален чекор додека светот живее околу корона, првпат настапи во делот од пазарот што претходно беше празен и тоа се покажа како вистински погодок и клучна бизнис одлука.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Гамата на Mercedes-AMG GT ја сочинуваат четири моделски изведби, сите со четирилитарски V8 со битурбо натполнење, но со различен степен на „лутина“. Почетокот е GT 43 со 367 КС,. по него следи GT 53 со 435 КС, а врвот вообичаено им припаѓа на GT 63 со 585 КС и на екстремната изведба GT 63 S со 639 КС.

Со пневматска спортска суспензија со печат од AMG, со ексклузивни Designo-тркала и внатрешност во којашто е нарачана вонсериска ставка до последниот агол, овој AMG GT 63 е меѓу најопремените примероци што се испорачани од оваа моделска серија досега.Услугата на Premium Used се состои во тоа што салонот точно ја знаат сервисната историја на автомобилот уште пред тој да се качи на шлепер, потоа во сервисот во Мак Аутостар детално се проверува реалната состојба на возилото, а доколку на одредени делови – на пример, плочки за сопирачки – им претстои замена за кусо време, тие делови и се заменуваат пред возилото да се изложи во салонот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Уште една посебност е тоа што станува збор за возила кои уште не се излезени од мрежата на Mercedes и се немаат појавено по онлајн-берзи или независни автоплацови, што им влева сигурност на клиентите. Мак Аутостар додава дополнително на тоа и одобрува шестмесечен период на осигуреност. Тоа значи, дека во случај одреден дел да се расипе во период од шест месеци, компанијата ќе го замени истиот бесплатно.

Чекаме следни изненадувања во Premium Used, можеби следно ќе биде некој вреден олдтајмер, сертифициран фабрички и во состојба во којашто вредноста само ќе му расте со текот на годините.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

>>> Мак Аутостар прави и продажбата на користени да биде премиум

Mercedes Premium Used Mak Autostar премиум користени возила Мак Аутостар

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

РСБСП и Мотоцентар укажуваат на предностите од зимската опрема

РСБСП и Мотоцентар укажуваат на предностите од зимската авто-опрема

Со Toyota Yaris Hybrid во Велес, градот на поетите и гемиџиите