Мак Аутостар прави и продажбата на користени да биде премиум

Mercedes Premium Used Mak Autostar премиум користени возила Мак Аутостар

Со понудата на користени автомобили стари до пет години, обезбедени од внатрешната мрежа на производителот, преку привилегијата на увозник на Mercedes-Benz, Мак Аутостар отвори сосем нов сегмент на македонскиот пазар. Вложувањето на купувачите во овие нови-користени возила е големо, а тоа бара и посебна услуга. Точно во тој поглед се покажува искуството на компанијата во продажбата на нови возила.

Во европските држави со висок животен стандард е познато дека постои широк круг на возачки и возачи што можат да си дозволат, автомобилите да ги менуваат на секои три до пет години. Тоа најчесто е поврзано со моделот и со рокот на финансирање на возилото. На македонскиот пазар веројатно уште долго време нема да ги достигнеме тие стандарди, но тоа не значи и дека оваа динамика на продажба ќе нé одминува и натаму.

Каква корист можат да имаат нашите возачи од тоа што автомобилите во Германија или Франција и Швајцарија ги менуваат на секои три години? Тоа е прашањето на коешто македонскиот автомобилски пазар доби сосем конкретен одговор пред точно една година. Возилата на кои им завршува договорениот рок на финансирање и истите понатаму се преземаат во мрежата на производителот, достапни се на адресата на којашто обично се купуваат најнови и најлуксузни модели на Mercedes, во Мак Аутостар. Постојат и други начини на коишто се обезбедуваат возилата од мрежата на Mercedes, меѓу другото и демо возила, салонски експонати, меѓутоа во правило станува збор за „млади“ користени возила со врвно педигре.

Premium Used отвори сосем нов сегмент на македонскиот пазар на користени возила; Овие „млади ѕвезди“ се исклучително ретки надвор од мрежата на Mercedes, затоа и привилегија е на Мак Аутостар што може да ги вклучи во својата понуда

Во престижен салон со површина што се мери во делови од фудбалски стадион, во новиот објект на Мак Аутостар пред постоечкиот салон за Mercedes и Mitsubishi, моментно се изложени единаесет возила со сребрената ѕвезда. Воопшто не грешат луѓето што по влегувањето во салонот стекнуваат впечаток дека се наоѓаат во салон за нови возила на Mercedes. Главнината од возилата се стари до пет години, а дијапазонот на цени се движи од 26.990 евра за Mercedes GLA 200 CDI од 2015 година, до 89.990 евра за Mercedes S 350d 4Matic Long од 2018 година.

https://photos.app.goo.gl/qAYLC6manDRvgKgaA

Понудата во овој салон и воопшто целата атмосфера околу младите користени возила беше пионерски чекор, на кој многумина во почетокот ценеа дека нема да наиде на поголема прифатеност на пазарот. По една година го посетуваме салонот за да дознаеме како навистина успева овој бизнис. Динамиката на продажба: Во просек, секоја недела се продава најмалку по едно возило, односно за период од една година се продадени близу 60 автомобили од оваа понуда што Мак Аутостар ја води јасно како Premium Used, односно премиум користени возила.

Високата стапка на амортизација на престижните модели прави овој сегмент на практично нови автомобили да биде посебно интересен на пазарот. Но, постојат многу услови за оваа понуда да се реализира

Тоа што го привлекува вниманието на потенцијалните купувачи во овој специфичен пазарен сегмент е т.н. амортизација, односно губитокот на вредност на луксузните автомобили. Тоа не е ништо ново и досега сигурно не одвратило ниту еден купувач на нов Mercedes S-Class, со помисла дека неговиот луксузен крстосувач по пет години ќе вреди половина од цената.

https://photos.app.goo.gl/JqfKaaarBX5PtfNm7

Пример: Две години стариот S-Class во салонот, со хидраулика што автоматски ги затвора вратите и со уште дваесетина екслузивни ставки опрема, нов чинел 140.713 евра. И со километражата е јасна ситуацијата. Лимузината со бела боја што и самата спаѓа во екстра понуда, има поминато 73.710 километри. Тука стапува на дело реномето и одговорноста на Мак Аутостар, како увозник на марката. Километражата е оригинална и потврдена е најофицијално, тука нема панаѓурски трикови со враќање стотици илјади километри за извлекување заработка.

S-Class се задржува најкусо во салонот, се бараат и лимузини и СУВ-модели, сите модели располагаат со автоматски менувач, опременоста е сензационална

Понудата не се сведува само на најесклузивните модели со сребрената ѕвезда, туку се вклучени и подостапни модели. Mercedes GLC 220d 4Matic од 2017 година, во цената од 43.990 евра вклучува петнаесетина ставки дополнителна опрема, но има и поминато само 82.400 километри. Сопствениците на автомбоили од марката со половина милион километри, на тоа ќе коментираат дека автомобилот штотуку се разработил.

https://photos.app.goo.gl/eFdo5zKVwZLSVWhW9

Посебноста на понудата на Premium Used сепак е во друго. Во Мак Аутостар нагласуваат дека суштината на овој дел од нивната понуда се состои во релаксираноста што му се нуди на купувачот, откако со возилото ќе излезе од салон. За да се постигне таа релаксираност, имајќи предвид дека сепак се работи за цени „колку половина стан“, Premium Used на своите клиенти им нуди шестмесечна осигуреност. Тоа е воедно и клучниот момент.

Шестмесечната осигуреност важи стандардно за сите модели од понудата на Premium Used, тоа е воедно и клучниот фактор што им го осигурува вложувањето на клиентите; Ова е засега единствена понуда во Македонија

Откако менаџментот ќе ги одбере возилата што ќе им ги понуди на македонските купувачи, возилата по нивното пристигање се упатуваат на комплетна сервисна проверка – иако, како што нагласуваат нашите соговорници од Premium Used, станува збор за возила со совршено позната сервисна историја, што им е достапна во глобалната мрежа на Mercedes, поради што се исклучува шанса за непријатни изненадувања. Сепак и компанијата вложува многу во овие возила и тоа дополнително оди во прилог на понудата.

https://photos.app.goo.gl/ucvawam52kWAPvPB6

Во случај непосредно да претстои замена на одредени потрошни делови, на пример облоги за сопирачки или сензорски склопови, истите се заменуваат иако можеби преостануваат уште неколку илјади километри до пропишаниот момент. Сето тоа се прави точно со цел да им се обезбеди релаксираност на клиентите.

Автомобилите имаат позната сервисна историја и истите се избираат грижливо од интерната мрежа на Mercedes; Зад Premium Used сепак стои реномирана компанија

Што значи шестмесечна осигуреност? Тоа значи дека во случај одреден дел да откаже, Мак Аутостар презема обврска да го замени делот, секако во случај откажувањето да е предизвикано од нормална истрошеност и нормални услови на експлоатација. Овој вид осигуреност за клиентите претставува новина во продажбата на користени возила на македонскиот пазар.

https://photos.app.goo.gl/LPJh3aQykgHeN4v26

Во компанијата исклучуваат дека двете различни понуди, на нови возила во „стариот“ салон и стари возила во „новиот“ салон, се попречуваат една со друга. Повеќе се работи за надополнување на понудите. Купувач што повеќе преферира поголемо или возило од повисока класа, ќе го најде истото старо неколку години во салонот на Premium Used. Истото важи и за случај кога на клиентот повеќе му значи да биде прв сопственик на возилото или ја цени поновата и поефикасна технологија во модел од најнова генерација.

Околу една третина од клиентите се решаваат за финансирање преку Шпаркасе Лизинг. Периодот на финансирање важи до десет години од производството на автомобилот, што значи дека за модел произведен во 2016 година, договорот за лизинг ќе се потпише до 2026 година. Учеството е 30 проценти, каматната стапка изнесува 5,5 проценти.

Искуството на Мак Аутостар како „продавач“ на нови автомобили ја става понудата на  Premium Used на цврсти тркала

Тоа што прави целата оваа понуда да функционира беспрекорно секако дека не се сведува на салонот, како физички простор, или на луксузната атмосфера во истиот, туку е точно во искуството на Мак Аутостар што е стакнато во продажбата на нови автомобили. Тоа е од корист во изборот на модели и во составувањето на понудата во салонот на Premium Used, но уште повеќе е во организирањето на „пакетот за релаксираност“, што покрај фамозната шестмесечна осигуреност од дефекти, вклучува и одговорност на голема компанија, што нема да си дозволи ризици, било за својот имиџ, било за инвестицијата на клиентот.

https://photos.app.goo.gl/pdszQiacxy9x8r9b9

Како уште една специфика и реткост во пазарниот настап на Premium Used е постоењето наменски вебсајт, што детално ја наведува целата понуда и далеку е од аматерските обиди да се организира ваков начин на пристапување до клиентите. Во почетокот на работењето на PremiumUsed.mk, посетеноста честопати доведуваше и до уривање на вебсајтот. Тоа е доказ колку е голем интересот за оваа иновативна понуда на нашиот пазар, но е воедно и подигнување на стандардите на продажба на користени возила на целиот македонски пазар. Масовното продавање луксузни користени автомобили во простор заграден со жичена ограда, оставени на сонце и мраз, сé помалку е атрактивно.

>>> Просечна цена на користено возило на mobile.de во октомври 24.038 евра

 

Претходна објаваSuzuki постигна рекордно октомвриско производство
Следна објаваKia во ноември продаде 250.000 возила на светскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here