за

Просечна цена на користено возило на mobile.de во октомври 24.038 евра

На најголемата онлајн-берза во Европа обично ги бараме понудите до неколку илјади евра. Но, следниве бројки прикажуваат сосем различна слика.

Просечна цена на користено возило на mobile.de во октомври 24.038 евра

Ексклузивен Cayenne од 2003 година за 4.999 евра или Jaguar со техника од Mondeo, со мотор V6 и погон на сите тркала за 1.900 евра? Тоа се исклучителни примери, но и не се многу далеку од реалноста на којашто подолго од деценија наназад ѝ се радуваат возачите во целиов регион. За главнината од купопродажбите на берзата mobile.de, реалноста сепак се разликува драстично.

На страниците на Automedia.mk е пишувано на долго и на широко зошто некои категории користени автомобили се исклучително „евтини“ на најразвиените пазари во Европа. Високите давачки што сопствениците на тие возила мораат да ги плаќаат при секое регистрирање, поради високата емисија на штетни материи, водат кон тоа купувачите да бараат замена со возило со пониски трошоци за поседување и одржување.

За нееколошките возила не постои интерес, соодветно на тоа цените се намалуваат радикално. Во исто време, на пазари како нашиот не постојат механизми што ќе ја поштедат животната средина од штетните и опасни издувни материи, па старите и евтини луксузни автомобили, со моќни мотори и тешки каросерии, остануваат евтини. Тоа на кусо го објаснува целиот тренд со возниот парк во Македонија во последната деценија.

Една статистика што ја објави онлајн-берзата mobile.de, покажува друга реалност на пазарот на користени автомобили во Европа. Првиот заклучок на аналитичарите на веб-огласникот е дека просечната цена на понудените користени возила во минатиот месец повторно се зголемила за 1,0 процент во споредба со септември. Фрапантна е вредноста на просечната цена на користен автомобил на mobile.de, од дури 24.038 евра.

Поскапеле малечките автомобили. Во споредба со октомври лани, нивната цена се зголемила за 1,0 процент и таа во просек изнесувала 12.687 евра во октомври. Сопствениците на спортски автомобили годинава бараат повеќе за своите возила. Во споредба со октомври 2019 година, спортските модели во октомври биле за 5,2 проценти поскапи, а просечната цена изнесува 78.292 евра.

Најмногу интерес за возила од вишата класа

Возилата од вишата класа, значи Mercedes E-Class или серијата 5 на BMW, пред да бидат продадени во минатиот месец, ги чекале својата сопственичка или сопственик во просек по 87,5 денови на плацот на дилерите. Ова мирување е скусено за 2,0 проценти во споредба со октомври лани, односно во просек е покусо за околу два денови.

Од авто-берзата јавуват дека од јуни постојано се намалува времето на чекање за возилата од вишпата класа, во просек за 15 денови. Во исто време и цената на овие возила пораснала за 4,1 проценти. Гледано вкупно за сите возила на берзата, чекањето се скусило за 3,6 проценти во споредба со септември.

Големите автомобили се помлади од просекот

Просечната старост на СУВ-моделите во октомври изнесувала 35 месеци. Тие се најмладата категорија возила на mobile.de и се далеку под просекот од 44 месеци за користените возила на берзата.

По нив следат теренските возила, со просечна старост од 42 месеци, пред вишата средна класа и пред компактите, кои имаат по 45 месеци.

Заклучоците се темелат врз 688.218 од вкупно над 1,5 милион огласи на онлајн-берзата за користени возила.

>>> Секој трет користен автомобил има вратена километража

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW дава крилја - Прв летечки костум на струја

BMW дава крилја: Прв летечки костум на струја

Лозата на Suzuki Jimny (II дел): Генерациите од 1972 до 1981 година

Лозата на Suzuki Jimny (II дел): Генерациите од 1972 до 1981 година