за

BMW дава крилја: Прв летечки костум на струја

Соработката меѓу BMW i, Designworks и австрискиот професионален basejump-скокач Петер Залцман му дава нова шанса на човечкиот сон да лета – со летечки костум со електричен погон.

BMW дава крилја - Прв летечки костум на струја

Електричниот погон на BMW влегува во трета димензија. Во рамките на настанот #NEXTGen 2020, минхенската групација ќе го прикаже првиот електричен погон за летечки костум.

Професионалниот пилот со летечки костум Петер Залцман беше снимен при неговиот прв лет со Electrified Wingsuit by BMW i, во врвна продукција каква што можат да си дозволат гигантите во браншата. Јавноста првпат ќе ја види снимката како вовед на настанот #NEXTGen 2020. Идејата е BMW да докаже дека неговиот eDrive е во состојба да ја смени индивидуалната мобилност и надвор од асфалтот.

Групацијата BMW го организира #NEXTGen 2020 со цел на светот да му покаже како компанијата учествува во глобалниот напредок во автомбоилската бранша. Покрај бројни проекти од придружните гранки, на настанот ќе има и бројни автомобилски премиери. Нови технологии и концепти на возила исто така нема да недостигаат.

Главното тежиште ќе биде поставено на технологијата на електричниот погон. Во новиот BMW iX3 веќе работи петтата генерација на погонската технологија BMW eDrive. Повеќедецениското искуство сега се применува и надвор од автомобилизмот, па и надвор од неговата природна средина асфалтот.

New photo by Automedia MK / Google Photos

За единственото чувство што го овозможува Electrified Wingsuit by BMW i се заслужни два карбонски пропелери, таканаречени импелери, секој со моќност од 7,5 kW. Тие можат да постигнат 25.000 вртежи во минута и пет минути можат да испорачуваат максимална моќност од 15 kW. За дизајнот се погрижија самиот Петер Залцман и креативците на Designworks, инаку фирма ќерка на BMW Group.

Од идејата за летечки костум со електричен буст, до премиерата на австриските Алпи беа потребни три години, додека се постигне апсолутно совршенство. При развојот се користеше и воздушниот канал во развојниот центар на групацијата во Минхен.

Залцман со електричниот летечки костум леташе со брзина над 300 km/h. Големиот настан е на 10-ти ноември. Секако дека #NEXTGen 2020 го очекуваме со нетрпение.

>>> Фабрички старт на три модели на BMW: M4 Coupe, 530е Touring и 4 Cabrio

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

GTO Engineering подготвува нов стар Ferrari

GTO Engineering подготвува нов стар Ferrari

Просечна цена на користено возило на mobile.de во октомври 24.038 евра

Просечна цена на користено возило на mobile.de во октомври 24.038 евра