за

GTO Engineering подготвува нов стар Ferrari

Откако го привлече вниманието со „рестомодот“ на 250 SWB, британскиот GTO Enginering најавува нов проект. Емотивен дизајн од 1960-те ќе се спои со карбон.

GTO Engineering подготвува нов стар Ferrari

Британскиот специјалист за Ferrari започнува со работа на новиот проект под кодното име Moderna. Идејата е најдобрата автомобилска конструкција од 1960-те години да се спои со карбон, со цел тежината да се спушти под 1.000 килограми.

GTO Engineering е компанија што на сцената е присутна од 1991 година и досега има работено на бројни проекти за контруирање и сервисирање на патнички и тркачки модели на Ferrari. Ова искуство сега ќе се искористи за новиот проект што се води под името Moderna.

Специјалистите на GTO ќе го задржат принципот на оригиналниот 250 SWB со носечка рамка од челични цевки, но ќе додадат алуминиумски помошни рамки, додека за каросериската школка првпат ќе користат карбон – не обичен, туку врвен што ги задоволува стандардите за Ф1. За вратите и хаубата ќе се користи алуминиум.

Како рестомод-проект изработен во најдобар манир (старо возило се освежува со врвни актуелни компоненти и технологии), „Moderna“ ќе добие бројни детали што се користат во мотоспортот, со цел возачот максимално да ужива во возењето. Британските инженери ќе користат и независно водење на двете оски, како и тркала со голем пречник, во комбинацоја со лесни и екстрамоќни сопирачки – тоа ќе придонесе инерцијалните сили од втор ред да се сведат на најмала можна мера.

https://photos.app.goo.gl/qsh3DdLmDuaczxks8

Од компанијата понатаму наведуваат дека тежината на Moderna треба да биде под 1.000 килограми, додека за погонска единица се подготвува V12 – со по две брегасти вратила во секоја глава.

Двоседот со мотор напред, со покрив со „два меури“, функционален отвор во хаубата и на крилата ќе го следи традиционалниот стил на Ferrari. За сите светлосни групи и за издувот ќе се користат најмодерни и најнапредни компоненти.

Клиентите ќе можат да избираат одредени детали да бидат изработени по свој вкус и потреба, со избор од најразлични бои и опции. Бидејќи фирмата носи „Engineering“ во името, сосем е јасно дека ќе се излегува и во пресрет на клиентите што ќе побараат посебно дотерување на подвозјето или во менувачот. Секој примерок од „Moderna“ ќе се изработува рачно.

Цените не се наведуваат, интересот за вакви проекти е неверојатно голем.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

На Škoda ѝ светна сијаличката Осветлена брава за ремен

На Škoda ѝ светна сијаличката: Осветлена брава за ремен

BMW дава крилја - Прв летечки костум на струја

BMW дава крилја: Прв летечки костум на струја