Ноември е месец кога три нови модели стартуваат со производство во фабриката на BMW во Динголфинг. Денес имаат премиера BMW 530e со приклучен хибриден погон и со комби-каросерија Touring, како и кабриолетот од серијата 4 и легендата на марката, BMW M4 во купе изведба.
Баварците преку најдобар пример ја покажуваат смислата на мотото „Power of Choice”. Клиентите на марката имаат најширок избор меѓу различни конрепти на возила и различни видови погон. Со истовремениот старт на три различни моделски серии, воедно се покажува и флексибилноста на производството во фабриката во Динголфинг.
Моделите од сериите 3, 4, 5 и 6, во оваа фабрика се изработуваат на иста лента, што е преседан во браншата. Тоа овозможува BMW лесно и брзо да го приспособува производството, зависно од моментната побарувачка на пазарот.
Во оваа кризна година, BMW стартуваше со производство на осум нови модели во Динголфинг. Тежиштето е ставено на моделите од новата серија 4. Купето почна да се произведува во јули, а од минатиот месец тронува во салоните на марката – моделот веќе е присутен и во салонот на М Кар во Скопје.
Со првиот работен ден во ноември, на купето му се придружуваат кабриолет изведбата од серијата 4 и легендата BMW M4 во купе изведба. Двата модели ќе стартуваат со продажба во следната пролет. Тие првпат се прозиведуваат во Динголфинг.
Две нови изведби со приклучен хибриден погон влегоа во производство: BMW 530e Touring и BMW 545e xDrive
Марката во исто време продолжува со масовната електрификација на својата моделска понуда. На постоечките изведби со приклучен хибриден погон во сериите 7 и 5, месецов им се придружува комби изведбата Touring во серијата 5. Комбито е важна каросериска изведба на најголемите европски пазари, каде што неретко во продажбата ја престигнува и лимузинската изведба.
Пристига и дополнителна изведба со приклучен хибриден погон, BMW 545e xDrive, којашто посебно ќе ја ценат фановите на шестцилиндарските линиски бензинци на марката – во комбинација со моќен електромотор и близу 400 КС. Со тоа, во серијата 5 моментно се нудат пет изведби со приклучен хибриден погон.
Уделот на возила со електромотор во погонот во фабриката во Динголфинг изнесува точно 10 проценти.
>>> BMW M4 Competition во специјална серија во соработка со Kith

















