за

Seat тестира делови за возила изработени од оризова лушпа

Seat ги изработи првите прототипи изработени од оризова лушпа, како делови што се користат за обложување на кабината.

Seat ќе изработува делови од оризова лушпа

Seat започна пилот-проект во којшто се користат оризови лушпи за изработка на одредени делови од возилата.

Секоја година во светот се жнеат околу 700 милиони тони ориз. Јасно дека оризот е најомилениот прехранбен производ во светски рамки, веднаш по пченката. Тој е основа за бројни вкусни јадења, на пример, шпанската паеља. Но, оризот може да донесе и револуција во автомобилската индустрија.

Seat започна пилот-проект за оризова лушпа да се користи како суровина за делови за возила. Како основа на проектот служи оризит, заменски материјал за пластика кој потекнува од обновливи извори.

Од вкупната светска жетва, отпаѓаат околу 140 тони оризова лушпа. Таа досега немаше позначајна примена. Шпанската компанија Oryzite пронајде инвоативна и одржлива примена за овој растителен производ. Во Каталонија, годишно се жнеат по 60 илјади тони ориз. Лушпата досега се согоруваше. Станува збор за 12.000 тони лушпа годишно. Оризитот се соединува со други термички стабилни и термопластични материјали

Целта на Seat е со користење на оризитот да ја смали примената на суровини врз нафтена основа во своите возила.

Во Seat Leon моментно се тестира материјал од оризова лушпа, полиуретан и полипропилен. Од материјалот се изработени задниот капак, двојниот под во багажникот и таванот. Однадвор нема воочлива разлика. Новиот материјал има и предност, бидејќи е полесен.

Тестирањето опфаќа оптоварување под дејство на тежина, како и проверка на отпорност на студ, жештина и влажност. Доколку прототипите ги исполнат строгите стандарди, можно е новиот материјал во иднина да се користи во сериското производство.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фабрички старт на три модели на BMW - M4 Coupe, 530е Touring и 4 Cabrio

Фабрички старт на три модели на BMW: M4 Coupe, 530е Touring и 4 Cabrio

амстердам заштитена животна средина

Амстердам забрани дизели постари од 2005 година