Огранокот на Mercedes-Benz во Кореја стана сопственик на компанијата Star-Rent-A-Car. Станува збор за ректакар-фирма што од 2014 година е специјализирана за долгорочно изнајмување возила на корејскиот пазар.
Корејската компанија Star-Rent-A-Car е преземена од страна на посебното одделение за мобилност на Mercedes во земјата. Германскиот концерн го основаше Mercedes-Benz Mobility Korea во 2019 година, со цел на клиентите да им понуди премиум возила за изнајмување на подолг рок.
Преку преземањето на „Star“, Mercedes ќе ја зајакне својата позиција на корејскиот пазар. Искуството на новиот партнер ќе придонесе клиентите на Mercedes Mobility да добијат флексибилни и ефикасни решенија за мобилност. Мрежата се состои од 59 филијали на целата територија на азиската земја.
Изнајмувањето на премиум возила забележа голем раст во земјата во последните пет години, а Mercedes-Benz е лидер во овој сегмент. Mercedes-Benz Mobility Korea е прва организација што германскиот концерн ја основаше во Азија, со цел да понуди решенија за мобилност.
















