Еколозите бараат милионска казна за Tesla во Германија

tesla тестирање дајмлер

Производителот на електрични возила Tesla ќе плати милионска казна во Германија. Причината за тоа е законската обврска за преземање на батериите од возилата, којашто калифорнискиот производител ја прекршил.

Сојузната агенција за животна средина во Германија бара на калифорнискиот производител на електрични автомобили да му се изрече милионска казна. Како основ за паричната казна во висина од 12 милиони евра се земаат обвинувањата дека Tesla не ја почитува законската обврска да ги преземе старите батерии од возилата.

Тоа произлегува од извештајот за последниот квартал што Tesla до доставила до надзорната агенција на американската берза. Според наводите на тамошните медиуми, Tesla поднела жалба за одлуката.

>>> Tesla постигнува заработка пет квартали во низа

Претходна објаваKia во октомври ја зголемила продажбата за 6,1 проценти
Следна објаваMercedes стана сопственик на рентакар-фирма во Кореја

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here