Начините на коишто Rolls-Royce ги врши своите бизниси се сосем различни од оние што важат за големосериските производители. Истото важи и за регионите што се најважни за марката од Гудвуд. Каде лани најдобро се продавале возилата на Rolls-Royce?
Извршниот директор на британската марка во сопственост на BMW, Торстен Милер-Отвос, објаснува колку на Rolls-Royce му е важна светската мрежа од дилери: „Нашите дилери се темелот на нашата широка фамилија Rolls-Royce. Тие се ликот, гласот и живиот доказ за нашата марка и за нејзините ветувања кон нашите клиенти.“ Изборот на најдобрите дилери на Rolls-Royce во светот ги поттикнува дилерите да постигнат уште повеќе.
Прогласувањето на најдобрите дилери обично се одвива во рамките на светката дилерска конференција на Rolls-Royce, што секоја година се одржува на различно место ширум светот. Во 2021 е невозможно одржување на таков масовен собир, па манифестацијата се одвиваше виртуелно. Британците годинава организираа пет одделни манифестации, секоја посветена на различен регион ширум светот.
Најдобрите дилери на Rolls-Royce во светот за минатата година:
Регионален дилер на годината, за В. Британија, Јужна и Западна Европа, Русија и ЦИС: Rolls-Royce Motor Cars Munich
Регионален дилер на годината, за Средниот Исток & Африка: Rolls-Royce Motor Cars Abu Dhabi
Регионален дилер на годината, за Азија и Пацификот: Rolls-Royce Motor Cars Tokyo
Регионален дилер на годината, за Америка: Rolls-Royce Motor Cars Houston
Регионален дилер на годината, за Кина: Rolls-Royce Motor Cars Shanghai Pudong
Дилер со најмногу продадени возила во светот: Rolls-Royce Motor Cars Shanghai Puxi
Дилер со најголем напредок во годината: Rolls-Royce Motor Cars Saint Petersburg
Дилер со најдобра сервисна услуга: Rolls-Royce Motor Cars Seattle
Дилер со најголема традиција: Rolls-Royce Motor Cars Beverly Hills
Најдобар дилер за посебни нарачки: Rolls-Royce Motor Cars Sunningdale
Дилер со најдобро менаџирање на однос со клиенти: Rolls-Royce Motor Cars Fort Lauderdale
Дилери со најуспешно присуство на друштвените мрежи: Rolls-Royce Motor Cars Doha, Rolls-Royce Motor Cars Busan, Rolls-Royce Motor Cars Hangzhou
















