Електромобилноста пристига и во светот на детските играчки. Matchbox во иднина ќе ги изработува своите автомобили играчки со крајно внимание за животната средина, а се најавува и вклучување поголем број „електрични автомобили“ во понудата.
Од седиштето на компанијата Mattel во Калифорнија, гигант во индустријата на играчки, соопштија дека почнуваат со стратегијата наречена Drive Toward a Better Future. Планот е сите автомобили играчки од марката Matchbox, сите комплети играчки и пакувања, да се изработуваат од 100% рециклирани материјали, како и од рециклирачка или био-пластика по 2030 година. Истото важи и за останатите марки што се во портфолиото на Mattel.
За да прикаже како понатаму ќе изгледаат новите играчки, Mattel го претстави Matchbox Tesla Roadster, како прв „автомобил“ со пресување под притисок, што е изработен од 99% рециклирани материјали и има сертификат дека е изработен неутрално во однос на емисијата на СО2. Matchbox Tesla Roadster ќе влезе во продажба во 2022 година.
Во иднина ќе се користат иновативни материјали за возилата, комплетите и пакувањата, што ќе бидат помалку штетни за животната средина. Уште една клучна новина е најавата за вклучување на поголем број играчки по пример на електрични автомобили, како и додавање фигури на електрични полначи во комплетите за играње.
Во пакувањата на Matchbox повеќе нема да се користи пластика. Први играчки по новите правила се популарните Matchbox Power Grabs, серија возила во размер 1:64. Моментно во продавниците пристига и комплетот од 5 електрични автомобили, во којшто се користи подлога од хартиена пена.
https://www.instagram.com/p/CNsUqN0lO8E/
















