за

Porsche со нова милионска инвестиција во хрватскиот Rimac

Новиот круг на вложувања ќе донесе дополнителни 500 милиони евра во хрватскиот производител на електрични автомобили Rimac.

Porsche учествува со двоцифрен милионски износ во новата инвестициска рунда во Rimac Group, вредна половина милијарда евра. Со тоа се зајакнува соработката меѓу германската спортска марка и хрватскиот производител на електрични хиперавтомобили.

Тоа што Porsche фигурира како партнер во хрватската Rimac Group, секако дека претставува своевидна гаранција за уште голем број компании да вложуваат во некогашниот гаражен стартап, а денес именит производител на електрични автомобили и напредна технологија за електричен погон.

Луц Мешке, шеф на Porsche AG и член на одборот за финансии и ИТ, одушевен е од тоа што „Rimac привлече нови и големи реномирани инвеститори“. Во компанијата имаат голем оптимизам за понатамошниот напредок на хрватската компанија. Porsche уште во 2018 година инвестираше првпат во Rimac. Оттогаш повеќепати се зголемуваше уделот на спортската марка. „Новите инвеститори ќе придонесат за Rimac да продолжи со јакнење на својата позиција во електромобилноста и со тоа да стане уште посилен партнер на Porsche,“ заклучува Мешке.

Новата рунда финансии ја предводи Softbank Vision Fund 2. Уште еден нов инвеститор од финансискиот сектор е Goldman Sachs Asset Management. Со новата трансакција, Porsche и натаму учествува со 20 проценти во Rimac Group. Основачот и извршен директор Мате Римац останува акционер со мнозински удел. „Имаме амбициозни планови за раст во следните години и горди сме на поддршката од важните нови и постоечки инвеститори, коишто веруваат во нашата визија“, изјави Римац.

Новите пари во Rimac Group ќе донесат проширување на производството за големосериски проекти. Само годинава, во хрватската компанија ќе се вработат уште 700 нови лица

Rimac Group е светски признат специјалист во подрачјето на електромобилноста. Посестринската компанија Rimac Technology е посветена во развој и производство на компоненти со висока ефикасност за електрични возила, односно главно батерии и електрични погонски оски. Голем број производители на автомобили се потпираат на технологијата на Rimac.

Во ноември 2021 година, Porsche и Rimac основаа заедничка компанија меѓу огранокот за хиперспортски автомобили Rimac Automobili и Bugatti Automobiles. Двете ексклузивни марки и натаму настапуваат независно на пазарот.

Почна изградбата на фабриката на Rimac во близина на Загреб

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Само 999 примероци: Последниот Mercedes-AMG од генерацијата W213

Џампер, Боксер и Дукато ќе добијат братче од Toyota