за

Почна изградбата на фабриката на Rimac во близина на Загреб

Хрватскиот производител на најбрзите и најнапредни електрични автомобили, Rimac Group, напредува со изградбата на фабриката вредна 200 милиони евра.

Во Света Недеља, гратче во близина на хрватската престолнина, почнува да се гледа обемот на градбата што ќе се вбројува меѓу најголемите центри за развој и за производство во Европа. Секако, станува збор за Мате Римац и за неговата Rimac Automobili, едно од најуспешните автомобилски поглавја на овие простори во последниве години.

Новиот кампус на Rimac ќе служи како развоен и производствен центар, со најнапредната технологија што е достапна. Во центарот ќе се работи и на развој на прототипи по налог на најглемите автомобилски корпорации во светот, но и ќе се одвива малосериско производство на престижни и моќни електрични автомобили. Последново секако се однесува на хиперавтомобилот Rimac Nevera. На овој простор со вкупна површина од 200 илјади метри квадратни и површина од 100 илјади метри квадратни под покрив, ќе се применува исклучиво врвна технологија.

Кампусот на Rimac Automobili ќе опфаќа патека за тестирање, музеј, центри за дизајнирање, инженеринг, производство и тестирање. Објектот со впечатлив изглед и голем удел на зеленило е дело на светски прочуените 3LHD, хрватско архитектонско биро. Планирано е изградбата да биде завршена во 2023 година.

Мате Римац: Уште откако ја основав компанијата, отсекогаш ми беше клучно да создадам совршена работна средина

Предвидено е центарот да се зголемува, како што ќе се јавува потреба, секогаш во рамнотежа со природата. Кога ќе се работи со полн капацитет, фабриката на Rimac ќе вработува 2.500 лица, што е двапати повеќе од постоечкиот персонал.

Во состав на центарот ќе влегуваат урбанo „мочуриште“ и ливади, градини на покрив, соби со виртуелна реалност и простории за работа на тајни проекти. Понудата од содржини ќе ја дополнуваат салон за автомобили, музеј, бар и продавница. Како во секоја напредна компанија со современ дух, нема да недостигаат ниту соба за играње, вежбална и центар за тренинг, ресторан, па дури и детска градинка или мала фарма за домашни животни.

>>> Зелено светло за Bugatti Rimac

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Еден коментар

Одговори

One Ping

  1. Pingback:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 3008 стана милионер: Голем јубилеј во фабриката во Сошо

Volvo отвори станица со ултрабрзи полначи во срцето на Милано