Mercedes-Benz се поздравува со AMG-моделите преку серија возила во коишто се вградува сé што е достапно во фабрика. E 63 S 4MATIC+ Final Edition се нуди како лимузина и комби T-Modell. Моторот 4.0 V8 Biturbo располага со 612 КС, шприспособливиот погонна сите тркала има и опција за дрифт.
Возилата од серијата Final Edition се лакираат исклучиво во мат графит-сива боја од понудата на сопствената мануфактура magno. Кованите тркала од 20 инчи имаат вкрстени краци и аеродинамички се оптимирани. Посебен белег дава полирањето до висок сјак, со завршен проѕирен лак со висока сјајност, којшто е незначително тониран. На средишните столбови е поставен грбот на AMG, а има и фолија странично по кароеријата.
Дел од стандардната опрема е AMG Night Paket. Тоој содржи бројни каросериски додатоци во црна боја со висок сјај: Предниот сплитер, лајснитего праговите, украсите во предните крила, рамките на прозорците, куќиштето на ретровизорите и украсната лајсна во задниот браник, сите со печат AMG. Задните стакла се дополнително затемнети и со термоизолација. Два издувни завршетоци во форма на трапез и во боја на темен хром го заокружуваат настапот на специјалниот модел. Опција се двата карбонски пакети.
При отворање на вратите, на подлогата ефектно се проектира логото AMG со ЛЕД-светилки
Спортските седишта се од врвна класа, односно најскапите што ги нуди AMG. Сите местења се со помош на електромотор. Греењето се подразбира, исто како и изведбата на седиштата во благородна кожа, во мека телешка напа кожа, во титан-сива боја, со жолти штепови. Целата арматурна табла е обложена со напа кожа. Воланот AMG Performance е изработен со црна напа кожа и микрофибер Dinamica. Штеповите се жолти, во тон со седиштата.
Заедно со возилото се испорачува и гаражна церада AMG со натпис AMG E 63 S FINAL EDITION. Цената не е наведена. „Стандардната“ E 63 S во Мак Аутостар чини 155.990 евра. За специјалниот модел, веројатно може да се очекува двојка во почетокот на цената.
One Comment
ОдговориOne Ping
Pingback:Само 999 примероци: Последниот Mercedes-AMG од генерацијата W213 | Блог на порталот за автомобилизам Automedia.mk