за

Возачи на електричен Renault Zoe минуваат повеќе километри од возачи на Clio Diesel

Истражување на Renault покажа дека возачите на електричниот Renault Zoe во просек минуваат повеќе километри отколку возачите на Clio со дизел мотор.

Охрабрувачки податок за возачките и возачите што се недоверливи во поглед на применливоста на електричните автомобили во секојдневието. Со електричниот Renault Zoe, што во врвната изведба постигнува досег од 390 километри, а во постарите годишта располага со половина од таа вредност, возачите во просек минуваат повеќе километри зад воланот отколку нивните дизел-колеги зад воланот на Clio, што може да мине и повеќе од 1.000 километри со еден резервоар.

Досегот на електричните автомобили не ги ограничува возачите да го користат своето возило во секојдневието. Резултатите од истражувањето на Renault може да се протолкуваат и инаку: Возачите не го исцрпуваат досегот на својот автомобил, било да е тоа со електричен, бензински или дизел погон, со секое седнување во возилото. Тоа е повеќе од разбирливо.

Дури и во случај ако секој работен ден се минуваат по 100 километри, за 50 седмици во годината, тоа се 25.000 километри годишно. Студијата покажува и дека возачите на Renault Zoe што минуваат најмногу километри, воедно чекаат и најдолго за батеријата да се наполни, односно секогаш оставаат батеријата на нивниот електричен автомобил да се наполни до крај.

Станува збор за студија што е спроведена на интернационално ниво, што секако дека ѝ дава уште поголема важност на истата. Партнерот Nissan претходно спроведе слична студија, во којашто се покажа дека возачите на електрични автомобили минуваат годишно во просек по 600 километри повеќе од возачите на автомобил со обичен погон.

>>> DHL го донесе електричниот погон во курирската служба во Македонија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Гледање балетска претстава од комбиња Mercedes

Германски политичари: Само 16 од 233 министерски возила со чист издув по ЕУ-норма