Гледање балетска претстава од комбиња Mercedes

Уметничката и културната сцена се посебно погодени од пандемијата. Mercedes-Benz Vans Mobility сепак дојде до идеја како да овозможи балерините и балетаните да се појават на сцената на безбедно растојание, за публиката да ја следи нивната игра и да се одушевува.

На просторот на поранешниот берлински аеродром Темпелхоф беше применет принципот на автокино, во корист на балетската уметност. На настанот учествуваа 340 гости сместени во 140 комбиња и лимузини од возниот парк на Mercedes-Benz Van Rental. Возилата беа наредени во шест редови во полукруг пред бината, прво најмалите, потоа поголемите.

Во првите редови беа поставени триесетина лимузини Mercedes-Benz од берлинскиот дилер на марката. Во трите редови во средината се најдоа 68 ванови V-Class, а последни беа 42 примероци од Springer. Звуците од настанот се пренесуваа во возилата преку инфозабавниот систем MBUX.

Необичниот настан се одржа во соработка меѓу Mercedes‑Benz Vans Mobility и 86 балерини и балетани од Берлинскиот национален балет и од студиото за балет и танц Целендорф од Берлин.

Трејлер за настанот

Претходна објаваВака изгледаат футуристичките студии во 2021: Webasto Showcar
Следна објаваВозачи на електричен Renault Zoe минуваат повеќе километри од возачи на Clio Diesel

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here