за

Германски политичари: Само 16 од 233 министерски возила со чист издув по ЕУ-норма

Здружението за заштита на животната средина 15-та година проверуваше колку е чист издувот на возилата на германските политичари. Како и секогаш досега, резултатот е поразителен.

Германското здружение од еколози повторно делеше зелени и жолти картони за службените возила на највисоката постава од функционери во земјата.

Лимузините на највисоките германски функционери во покраински и сојузни рамки беа оценувани во поглед на нивната погодност за животната средина. Здружението за заштита на животната средина даваше оцени според емисијата на СО2 и според видот на погонот.

Во 15-та година на „изборот“, само 16 возила на врвните германски политичарки и политичари беа достојни за зелен картон. Тоа значи дека нивната емисија на СО2 е под лимитот од 95 грами на километар, што ЕУ го поставува како горна граница за возилата што се произведуваат и се продаваат во Унијата. За секој грам СО2 над тој лимит, производителите плаќаат пенали кон Комисијата на ЕУ.

Жолт картон се добива доколку возилото го надминува лимитот од 95 грами СО2 на километар за најмногу 20 проценти. Над тоа следи црвен картон.

Сите министерски и министри од највисок ранг, што одговараат на сојузно ниво, добија црвен картон. Постојат големи разлики во возниот парк на самите сојузни министерства. Додека сојузните функционери седат во автомобили што расипнички се однесуваат со горивото, државните секретарки и секретари ги оставаат своите надредени во сенка, со изборот на своите службени возила што се повеќе поволни за климата.

Резултати од оценувањето на возниот парк на владините шефици и шефови:

(со кликнување врз полето во средината се отвора целиот приказ)

Резултати од оценувањето на возниот парк на сојузните министерки и министри:

(со кликнување врз полето во средината се отвора целиот приказ)

Просечната емисија на СО2 од службените возила на министерките и министрите за животна средина на сојузно и покраинско ниво се далеку од поволни за климата. Постојат само неколку исклучоци во Берлин, Долна Саксонија и Баден Виртемберг, кои добија зелен картон. Сојузната германска министерка за животна средина Свенја Шулце со своето службено возило и натаму отстапува од целта да се заштити животната средина.

Резултати од оценувањето на возниот парк на министерките и министрите за животна средина:

(со кликнување врз полето во средината се отвора целиот приказ)

Еколозите ги оценуваат службените возила според вистинската емисија на СО2 во возење, со цел да се нагласи колку реално се штетни возилата со прекумерна емисија. Разликата меѓу податокот што го наведуваат производителите и вистинската емисина на СО2 во просек се движи околу 40 проценти.

На германските активисти не им се допаѓаат премногу возилата со приклучен хибриден погон, коишто повеќе целат на возачи што бараат повисоки перформанси и поекстремно забрзување. Овие возила годинава учествуваат со повеќе од половина во возниот парк на германските политичари од највисок ранг. Еколозите критикуваат дека технологијата треба да се користи за потрошувачката да се сведе на најмала можна мера и патот што ќе се извози со погон само на струја да биде колку е можно подолг, место за перформанси. Поради тоа, реалната потрошувачка на гориво и емисијата на штетни гасови во секојдневното користење е далеку над таа што ја рекламираат производителите.

>>> ЕУ планира забрана за извоз на автомобили со послаба норма од Еуро 5

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Возачи на електричен Renault Zoe минуваат повеќе километри од возачи на Clio Diesel

Шпанската Cupra се става целосно под напон по 2030 година