Расте уделот на Renault на европскиот пазар

Расте уделот на Renault на европскиот пазар

Со продажба намалена за 2,9 проценти во споредба со третиот квартал лани и вкупно 405.223 испорачани патнички автомобили и лесни товарни возила, француската компанија ја минува пандемијата подобро од вкупниот автомобилски пазар.

Во светски рамки, марките од концернот Renault во периодот меѓу јули и септември испорачале 806.320 патнички автомобили и доставни возила (-6,1%). Прометот исто така се намалил за 8,2 проценти и изнесува 10,374 милијарди евра.

Renault Zoe искористи многу од нагло зголемениот интерес за електрични автомобили во Европа. Во претходните три месеци, од електро-шампионот се испорачани над 27.000 примероци, што е 157,4 % повеќе во споредба со третиот квартал во 2019 година.

Во Русија, втор најголем пазар за компанијата, Lada во кварталот што измина ја зголемила продажбата за 4,5 проценти, во услови кога целиот пазар забележал раст за 3,7 проценти. Lada Granta и Vesta се најпродавани модели на големиот пазар. Групацијата Renault држи близу 29 проценти од рускиот автомобилски пазар.

>>> Следниот Renault Megane ќе вози на струја

Renault Megane eVision

Претходна објаваMAN испорачува готови комбиња за ковид-тестови
Следна објаваToyota со погон на водород чини 63.900 евра во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here