Најголемата предност на возилото на MAN е мобилноста, односно флексибилноста. Комбето може да пристигне брзо, на пример, во новите регионални кластери. Исто може брзо да се организира тестирање во домови за стари лица или во училишта, како и на патишта што граничат со други држави.
Стандардниот MAN TGE за оваа намена е опремен со уреди за анализа од Bosch. Резултатите од тестирањето се добиваат по 39 минути од земањето брис. Со едно дијагностичко возило, според производителот може да се вршат над 500 тестови дневно.
MAN го нуди ковид-TGE во изведба со стандардно или продолжено меѓуоскино растојание. Кусата верзија со тежина до три и пол тони е опремено со најмногу 16 уреди за тестирање. Брис се зема надвор од возилото. Возилото може да се користи и на големи манифестации или во компании. Долгата верзија располага со посебен простор за земање брис. Две автоматски лизгачки врати служат како одвоен влез и излез.
Моторот е дволитарски дизел со 177 КС. Опција е погон на сите тркала или 8-степен автоматски менувач. Меѓу останатите опции спаѓаат и два мијалници (за просторот за тестирање и брис), компјутерски пулт со приклучок за 220 волти и ладилник.
MAN го испорачува возилото во цела Европа. Првите два примероци ќе се испорачаат веќе месецов.
>>> Mercedes Citaro претворен во автобус за брза помош

















