за

Renault Clio повторно лидер во Франција во април, Peugeot 208 води во ’21

Renault Clio во минатиот месец се врати како најпродаван модел на францискиот пазар. Класичниот двоец со Peugeot 208 продолжува, но лавот има уште еден силен модел на врвот.

Renault Clio V Zeneva

Во април на францускиот пазар биле продадени 140.426 возила, што е повеќе од петкратно зголемување во споредба со истиот месец лани. Вкупно во првите четири месеци се продадени 582.217 возила (+51%). Вистинската состојба сепак се прикажува во споредба со 2019 година, пред кризата. До тоа ниво уште остануваат околу 25 проценти.

Најпопуларен избор на мотор се бензинците, кои учествуваат со 43,6% во продажбата, наспроти дизелите чијшто удел спадна на 23,6 проценти. Високо учество во продажбата имаат моделите со хибриден погон – дури 23,5 проценти. На СУВ-модели отпаѓаат дури 44,5 проценти од пазарот.

Во конкуренција на марки, Peugeot осми пат е најпродавана марка во последните девет месеци. Во споредба со 2019 година, продажбата на марката со лавот уште заостанува 23,4 проценти. Renault е втор, со пад од 30,7% во споредба со преклани. Вкупно годинава, Peugeot држи 19,1 проценти од пазарот, пред Renault на кого што му припаѓаат 15,4 проценти. Доколку ваквата динамика се задржи до крајот на годината, Peugeot првпат ќе стане најпродавана марка на домашниот пазар.

Toyota се држи стабилно и изгубила само 0,6% од продажбата во 2019 година, престигнувајќи ја Dacia на петтото место (-35,8%). Напредувале уште Mini (+11.9%), Volvo (+6.5%) и Skoda (+2.9%).

Меѓу моделите, првото место во април му припаѓа на Renault Clio – со само 429 повеќе продадени примероци од Peugeot 208. Вкупно во првите четири месеци од годината, водството сепак му припаѓа на Peugeot. На третото место е уште еден модел на Peugeot. Сосем очекувано, тоа е СУВ-изведбата 2008, којашто е воедно и трет најпродаван модел годинава. Уште еден модел на Peugeot е веднаш на почетокот на табелата: Моделското освежување се покажа можне ефектно за 3008, на четвртото место, две места повисоко отколку во март.

Citroen C3 (-23,9%) падна на петтото место, коешто за видно време може да го преземе Dacia Sandero (+2 места). Toyota Yaris повторно е најпродаван модел од „странска“ марка, иако тој веќе со децении се произведува во фабриката во Валенсјан.

Peugeot пак се издвојува со уште еден модел. Големиот 5008 во април напредувал за 19,4 проценти и се најде на 11-то место – нов рекорд за моделот. Доколку се соберат продажбите на 3008 и на сродниот 5008, тогаш овој двоец ја има титулата на најпродаван модел во Франција во април.

Патуваме со Peugeot низ Мариово: Филмска прашина, скриени богатства, ликови од романи

Боите се менуваат постојано, не се сеќава како минува времето. За тоа секако дека придонесува и Peugeot 208, лесен, темпераментен, забавен. Така и пишува на вратите: Unboring the future

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новото Volkswagen Polo во Германија почнува од 16.000 евра

Новото Volkswagen Polo во Германија почнува од 16.000 евра

Mini Cabriolet останува и во електричната ера