Новото Volkswagen Polo стандардно располага со диодни предни и задни светла, но и со дигитални инструменти, клима уред и онлајн-врска уште во основната изведба.
Само неколку денови по премиерата, Volkswagen започнува со резервации за новото моделско годиште на Polo. Со истите вредности како Golf, традиционалниот градски модел во освежената генерација доби нов лик и нов изглед на опашот. Со освежувањето станаа достапни бројни системи за комфор и безбедност, од кои дел се стандард, а дел се опција. Може да се избира меѓу три мотори.
Промените се темелни и зафаќаат и во браниците, како и во светлата, кои стандардно користат диодна техника. Опција се матрични диодни светла IQ.Light како во многу поскапите модели на концернот. Во тој случај, Polo добива светлечка лента меѓу светлата, слично како Golf.
Во германската цена од 16.000 евра за основниот модел се вклучени дигитални инструменти со пречник од 8 инчи, нов мултифункциски волан, клима уред и радио од новата генерација MIB3, заедно со еSIM. Покрај 1.0 TSI со 95 и 110 КС, Polo во Германија може да се нарача и во изведба со погон на метан, со моќност од 90 КС.
Спортското ниво R-Line стана стандард во секој модел на Volkswagen
Сменети се и имињата на нивоата на опрема, но и значително е збогатен нивниот обем. Покрај основната изведба Polo, гамата ја сочинуваат нивоата Life, Style и R-Line. Од системите за асистенција, фабрички во секое Polo се вградуваат систем за следење лента и самостојно запирање при опасност од судир, со препознавање пешак на пат.
Специјално за стартот на германскиот пазар, во јуни започнува испораката на промо-изведбата Polo Fresh, којашто доаѓа стандардно со металик лак, во црвена, сина, виолетова и сива боја.
Наскоро се очекува и Порше да ги објави цените за македонскиот пазар. Увозникот по традиција вклучува повеќе екстра-ставки опрема во секоја моделска гама во својата понуда, над сериското ниво на опременост, како таканаречен дилерски стандард.
















