за

Во обновената алијанса со Nissan, Renault ќе се произведува во Америка

Nissan ќе произведува нов модел за Renault во Мексико, што ќе биде прво возило од француската марка произведено во земјата по 20 години.

Со новите спогодби за соработка во алијансата меѓу Renault и Nissan, францускиот партнер повторно се наоѓа пред домашниот праг на Америка, по неколку декади од последниот автомобил под знакот на Renault што е произведен на континентот. Вратата се отвора и за најмладиот член во алијансата, Mitsubishi Motors, за проширување на неговото присуство на пазарот во Северна Америка.

Под новата спогодба што беше потпишана денес во Лондон, франко-јапонските партнери договорија нови проекти за соработка, од коишто неколку се однесуваат на Латинска Америка.

Nissan ќе произведува модел на Renault во својата фабрика во Мексико. Тоа ќе биде прво возило на Renault произведено во земјата по 20 години. Моделите на групацијата Renault се продаваа последен пат северно од границата со САД во раните 1990-ти години. Извршниот директор Лука де Мео сепак посочи дека не постојат конкретни планови за враќање на тој пазар.

Новото позиционирање е договорено и покрај тоа што Renault неодамна објави дека планира да го освојува пазарот во САД, како главен извор на добивка за својоата спортска марка Alpine. Компанијата планира да продава два модели во САД, вклучувајќи електричен кросовер од средна класа, стартувајќи во 2027 или 2028 година.

Зборувајќи на заедничката прес конференција, де Мео посолчи дека присуството на Renault во Мексико ќе биде искористено за бизнисот на Renault да се шири во Латнска Америка, посебно во Аргентина, Бразил и Колумбија.

„Замислата не ни е Мексико да го користиме како платформа за да влеземе во САД. Тоа е работа на Nissan“, изјави де Мео. „Ние повеќе бараме начин, за Мексико да го искористиме како еден вид баланс, за да можеме да оперираме во три или четири држави.“

Де Мео на тоа додаде: „Различни јајца можеш да поделиш во различни корпи“.

Оперативниот директор на Nissan, Ашвани Гупта, вели дека новата спогодба ќе му помогне на Nissan да ги пополни своите производствени капацитети во Мексико, кaде што Nissan е најпродавана марка. Компаниите не откриваат кој модел ќе се произведува, ниту која фабрика ќе биде задолжена за производството.

„Потребно е само да ги најдеме вистинската платформа и производ“, вели де Мео.

Во меѓувреме и Mitsubishi Motors очекува корист од обновената алијанса, преку проширување на својата понуда од модели и во Северна Америка и во Европа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Renault México (@renault_mx)

„Европа и Северна Америка се потенцијални пазари на коишто можеме да ги користиме капацитетите на алијансата“, кажува извршниот директор на Mitsubishi, Такао Като. „Северна Америка, на пример, ветува како поле за соработка, каде што ни е природно да се потпреме на Nissan при збогатувањето на нашата понуда од модели.“

Mitsubishi е вклучен во алијансата преку контролниот удел од 34 проценти од акциите што ги поседува Nissan. Наспроти тоа, Renault нема директен удел во Mitsubishi.

Поранешниот извршен директор и претседател на управниот одбор на Nissan, Карлос Гон, го вклучи Mitsubishi во 2016 година, како дел од планот за алијансата да прерасне во најголема автомобилска групација во светот.

Северна Америка е важен пазар за Mitsubishi, и покрај тоа што марката има ограничена понуда од модели на пазарот. Јапонската марка продава само четири моделски серии во САД. Продажбата во 2022 година се намали за 16 проценти, на 85.810 возила.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Еуро 7 стапува на сила во 2025 тешко за моторите

Производителите градат отпор против нормата Еуро 7

Трет хибрид во моделското семејство на Peugeot 3008