Рено ќе вградува поевтини батерии ЛФП во електричниот Меган и други модели, за да ги направи подостапни

Рено ќе почне помасовно да ги вградува батериите литиум железо фосфат (ЛФП), што се поевтини. Овие батерии ќе ги добие и новото моделско годиште на електричниот компакт Меган Е-Тек. Французите прават чекори да ги поевтинат трошоците за производство на електричните автомобили.

Меган на тест во Аутгомедиа; моделот беше пуштен во продажба во почетокот на 2022 година. Тој беше првиот во низата нови електрични модели развиени за време на фазата Ренолушн, што ја воведе поранешниот шеф Лука де Мео.

Рено ќе додаде избор на верзија со батерија ЛФП за секој електричен модел, развиен за време на фазата Ренолушн, соопшти извршниот директор Франсоа Прово, при лансирањето на шетата генерација на Клио, којшто се нуди со бензински и хибриден погон. Новиот Клио имаше светска премиера на салонот ИАА во Минхен, на 8-ми септември.

„Мораме да забрзаме за да ги стигнеме нашите најдобри соперници,“ кажа Прово, посочувајќи на кинеските марки.

Околу 75 проценти од електричните автомобили што се продадени лани во Кина, користат батерија со хемија ЛФП. Наспроти тоа, уделот на модели со овие батерии во Европа е само 10 проценти.

Како повеќето европски производители на автомобили, моделите на Рено во моментов користат батерии со хемија никел манган кобалт (НМЦ), којашто постигнува поголема енергетска густина (повеќе енергија од иста големина на батерија) и со тоа се поскапи.

Компанијата планира во иднина помасовно да ги понуди овие батерии во својата гама.

„Зависно од моделот, сакаме да имаме по една изведба што ќе биде подостапна и изведба што ќе биде со посилни перформанси“, кажа извршниот директор на марката Рено, Фабрис Камболив, пред новинарите за време на настанот.

Останатите производители, вклучувајќи го Волво со својот малечок СУВ-модел Икс Ц 30, исто така нудат избор од батерија ЛФП или МНЦ во ист модел. Мерцедес-Бенц планира да понуди избор на батерија ЛФП за новата генерација модели од А-Класата.

Рено досега има потврдено дека ќе користи ЛФП за новата генерација на минито Твинго, коешто ќе биде прикажано пред светот подоцна годинава. Дачиа исто така ќе нуди верзија со оваа батерија.

Меган ќе добие спортска изведба за да ја засили продажбата

Компанијата сега соопштува дека ќе додаде батерија ЛФП и за својот Меган Е-Тек, чијшто фејслифт се очекува в година. Втора новина кај електричниот компакт ќе биде дополнителната изведба со посилни перформанси.

„Цениме дека на светот му недостига еден вид електричен автомобил со изглед на хот-хеч,“ кажа главниот дизајнер на групацијата Рено, Лоренс ван ден Акер.

Во Меган Е-Тек и компактниот СУВ-модел Сеник, што ја користи истата техника, во моментов се вградуваат батерии НМЦ, што ги испорачува ЛГ од фабрика во Полска.

Продажбата на Меган Е-Тек, што ја имаше својата премиера кон завршетокот на 2021, во првите седум месеци опадна 54 проценти, на 10.170 примероци.

Видеото од тестот на електричен Рено 5 во Аутомедиа

Автомобилот со стил на кросовер беше пуштен во продажба во почетокот на 2022 година, по цена од 35.200€ за основниот модел. Тоа беше прв ЕВ од компанијата, под раководство на Лука де Мео, за време на неговиот план за реструктурирање Ренолушн. Тој беше засенет со доаѓањето на Сеник и на други нови модели од соперничките марки.

Рено го скуси цените за Меган Е-Тек во почетокот на 2024 година, од 34.000 на 38.000 евра, за да се спротивстави на кратењето на цените на Тесла и на кинеските соперници.

Основниот модел со помалата батерија, од 40 кВч, и со послабиот електромотор, сепак беше исклучен од понудата, така што најдостапниот модел сега чини 39.500€ во Франција.

Извршниот директор на Рено, Лука де Мео, на конференцијата за инвеститори во октомври лани го прикажа новиот модел како прототип. Идниот Рено Твинго ќе користи батерии ЛФП за цената да се спушти под 20.000€

Електричните автомобили имаат подолг моделски век од оние со мотор со внатрешно согорување, цени шефот на марката Рено

Камболив кажа дека електричните модели во иднина може да имаат подолг моделски век, односно да се произведуваа подолго, во споредба со моделите со мотор со внатрешно согорување, поради тоа што може да се извршат многу промени.

„Можете да ги подобрите батеријата, перформансите или можете да додадете погон на сите тркала“, кажа шефот. „Ценам дека нема толку брзо да се откажеме од автомобилите, како што правевме со автомобилите со мотор со внатрешно согорување.“

Видеото до тестот на електричен Меган во Аутомедиа

Рено не наведува во кои модели ќе се нуди опција за батерија ЛФП, но меѓу моделите што се лансирани за време на планот Ренолушн, спаѓаат уште Рено 5, Рено 4 и Рено Сеник.

Компанијата не посочува и од каде ќе потекнуваат батериите, меѓутоа Кина разви надлежност за овој вид батерии, што прави земјата да биде логичен извор за набавки, сé додека компаниите не почнат да произведуваат батерии ЛФП во Европа.

Во 2024 година, Рено кажа дека ќе почне да нуди батерии ЛФП во 2026 година, од ЛГ и од кинески КАТЛ, најголем производител на батерии во светот.

Групацијата Фолксваген исто така најави дека ќе користи батерија ЛФП во серијата нови модели од концернот, којашто ќе започне со ИД Поло, од следната година.

Стелантис веќе нуди батерија со поевтината хемија за моделите врз платформата ЛФП, вклучувајќи ги Ситроен е-Ц3 и е-Ц3 Еркрос, Фиат Гранде Панда и Опел Фронтера.

Претходна објаваВо Словенија возат 20.000 електрични автомобили, субвенцијата 7.000 евра
Следна објаваТојота има начин да ги одоброволи возачите на приклучни хибриди да полнат батерија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here