Апликацијата Чарџмајндер на Тојота ги потсетува сопствениците на приклучни хибриди да ја полнат батеријата.
Прстот се вперува кон приклучните хибриди, поради тоа што нивните сопственици ретко ја користат придобивката од своите автомобили и не ја полнат батеријата, за да возат електрично, без загадување и врева, поевтино. Ново истражување на огранокот на Тојота за наука, предлага делотворен начин, за возачите на приклучни хибриди (ПХЕВ, плагин-хибрид електрик виакл) да се одоброволат за почесто да го користат електричниот погон.
Во огранокот за вештачка интелигенција во човечка корист на Научниот институт на Тојота, развиен е прототип на апликација за мобилен телефон со име Чарџмајндер. Кога ќе се поврзе со ПХЕВ, апликацијата упатува „учтиви“ посетувања до возачот, кога возилото е во близина на полнач, што претходно бил користен за да се наполни батеријата.
Апликацијата се темели врз научни истражувања на однесувањето и “многу е едноставна: Не вреска по Вас. Таа само учтиво Ве потсетува, ‘Можеби ќе сакате да го приклучите својот ПХЕВ’“ кажа Гил Прат, извршен директор на Научниот институт на Тојота, на 16-ти септември, на семинарите што се одржуваат во Центарот за автомобилско истражување.
Научниците на Тојота утврдија дека тие учтиви препораки довеле до „осетно зголемување“ од 10 проценти, за почесто да се полни батеријата на ПХЕВ, кажа Прат. Апликацијата не е скапа. При тестирањето во Јапонија, Тојота утврдила дека апликацијата ги сменила навиките на сопствениците на ПХЕВ и ЕВ, кои за 59 проценти го зголемиле приклучувањето на возилото за полнење во време кога се постигнува највисок удел на овнобливите извори во прозиводството на електрична енергија. Тоа довело до дополнително полнење на возилото, во времетаење од близу 30 минути преку ден.
„Во иднина би можеле апликацијата да ја внесеме во кокпитот на автомобилите. Но, се покажа дека и со најмало потсетување, луѓето навистина ќе го направат тоа што е потребно,“ кажа научникот. „Луѓе што купуваат ПХЕВ сакаат да ѝ помогнат на животната средина. Мотивацијата веќе е тука. Треба само да ги потсетиме да го направат тоа.“
Видеото од тестот на Тојота РАВ4 со приклучен хибриден погон во Аутомедиа
Прат вели дека користењето на апликацијата со цел да се влијае врз однесувањето на сопствениците е евтина стратегија за да се намали емисијата на јаглероден диосид. Покрај тоа, апликацијата придонела клиентите да бидат позадоволни со своите приклучни хибриди.















