Renault го освежи логото, деветти пат во историјата

Возилата на Renault и дијамантот се неразделни близу сто години. Логото со прецизна геометриска форма се појави првпат на ладилникот на Renault во 1925 година.

Новото лого на Renault и не е толку ново. Сцената досега многупати го коментираше логото што првпат беше забележано на прототипот за новиот Renault 5. Главниот дизајнер на француската марка, Жил Видал, раскажува за настанокот на новото лого.

Кога Renault пред неколку седмици ја објави својата стратешка „Ренолуција“, зад Лука де Мео, новиот извршен директор на Renault, се забележуваше новото лого на марката. Симболот оттогаш се појавуваше уште многупати, без голема врева околу тоа. Дијамантот се појави во новата рекламна кампања за електричниот Zoe, а потоа и на социјалните мрежи.

Ромбот е една од најпознатите форми општо во светот и во автомобилскиот свет. Тоа е едноставна геометриска форма со силен, моќен идентитет

Жил Видал, главен дизајнер на Renault

Видал објаснува дека предизвикот бил „оваа форма да се обнови, преку нови, современи вредности, за марката да се проектира кон иднината.“

Новото лого е како знак за новиот свет

Логото со закосени страни, совршено одговараше со закосените хауби на моделите на Renault во 1920 година. Оваа форма на логото му се допадна најмногу на Луј Рено, кога се решаваше околу тоа во 1925 година. Оттогаш, логото се менуваше осумпати. Тоа последен пат се случи во 1992 година, а во 2015 година следеше само благо дотерување.

https://photos.app.goo.gl/a7eeE5wzeikhS67a8

Работата на новото лого започна уште во 2019 година. „Неодамна претставениот нов ромб ја претставува рамнотежата меѓу вредноста на наследството на марката и влезот во новата ера, со поглед кон иднината“, открива Видал. Новиот изглед е уште повпечатлив и има цел да ги прикаже тековните промени во француската марка, да ја прикаже како отворена марка што нуди човечки вредности.

До 2024 година новото лого ќе се најде на сите модели на Renault

Јасната форма на новото лого има и практични предности во поглед на можноста за анимирање, што е мошне ефектно во дигиталните медиуми. Истото важи и за дисплеите во возилата, на пример при седнувањето. Од следната година, логото ќе почне да се користи на сите нови модели на Renault.

>>> „Ренолуцијата“ става нагласок на електричен погон и на Megane

Претходна објаваТест-пилотката на Continental ќе вози во тркачката серија Extreme-E
Следна објаваЕУ сака и суровините за батерии да бидат од домашно потекло

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here