Тест-пилотката на Continental ќе вози во тркачката серија Extreme-E

Уште 22 денови до почетокот на новата тркачка серија со теренско возење Extreme-E. Тимовите ги откриваат имињата што ќе настапуваат за нив. Во тимот JBXE на Џенсон Батон, покрај поранешниот светски првак во Ф1, ќе вози Микаела Алин-Котулински.

Дама ќе го дели кокпитот на Oddysey 21 со Џенсон Батон во новата серија Extreme-E. Михаела, родум Швеѓанка, својата кариера ја започна во германскиот куп со Scirocco R, а возеше и реликрос. Во 2015 година, таа стартуваше во јуниор-конкуренција во ADAC GT Masters, за две години подоцна да следи Audi Sport Racing Academy. Во 2018 година, Микаела премина во Скандинавскиот туринг-шампионат и таму напиша историско поглавје. Таа е првата дама што победила во таа тркачка серија.

Како тест-возачка и амбасадорка на Continental, Алин-Котулински веќе има учествувано во развојот на гумите CrossContact за Extreme-E, што ќе ги користат сите тимови.

Посебноста на серијата Extreme E се состои во тоа што се вози во близина на загрозени биотопи. На тој начин ќе се привлече вниманието, не само на фановите на мотоспортот, туку и на политичарите, институциите и жителите. Трките со електричните теренци се дел од мисијата, светот да вложи напори за загревањето на планетата Земја да се ограничи на 1,5 степен Целзиусов. Continental е соосновач и главен спонзор на тркачката серија.

Каленадрот на трки во сезоната 2021

Ал Ула, Саудиска Рабија 3./4. април

Дакар, Сенегал 29./30. мај

Кангерлусуак, Гренланд 28./29. август

Сантарем, Бразил 23./24. октомври

Ушуаја, Огнена Земја 11./12. декември

https://www.instagram.com/p/CMPtfQjsMLO/

 

Претходна објаваТајната формула на Suzuki е во моќното присуство на индискиот пазар
Следна објаваRenault го освежи логото, деветти пат во историјата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here