ЕУ сака и суровините за батерии да бидат од домашно потекло

Комисијата на ЕУ ќе организира тркалезна маса за снабдување со суровини од локално потекло, како литиум, никел и бакар. Тоа беше договорено на денешната средба на Алијансата за батерии на ЕУ, на којашто учествуваа и министри од 14 држави на Унијата.

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер нагласи дека станува мошне значајно, Европа да постигне независност во поглед на електромобилноста. „Мораме да вложуваме, да вложуваме, да вложуваме. Мораме да држиме чекор со Кина и САД, за да останеме економска моќ во 21-от век“, посочи Министерот. Голем предизвик е недостигот од стручна сила. Според Ле Мер, до 2025 година мораат да се доусовршат до 800.000 стручни рабоцници, за да бидат подготвени да работат во електро-индустријата.

Алијансата за батерии на ЕУ е основана во 2017 година од комесарот Марош Шефчовиќ, со цел Европа да фати чекор во производството на батериски ќелии, каде што доминира Азија. Алијансата обединува 14 држави членки на ЕУ, заедно со Европската Банка за Инвестиции и 500 компании и научни установи, кои учествуваат во изградбата на индустрија за батерии. Досега се отпочнати два проекти за батерии, кои што вредат повеќе милијарди евра.

>>> ЕУ вложува 2,9 млрд. € во фабрики за батерии за електрични автомобили

Претходна објаваRenault го освежи логото, деветти пат во историјата
Следна објаваТоп 20 Најпродавани модели во Хрватска во февруари

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here