за

Благородништво во нова генерација: Range Rover во салон во Скопје

Увозникот Аутомобили Груп јавува за една од најважните новини во нивното портфолио. Благородничкиот транспортер по секаков терен е изложен во салонот на Land Rover во Македонија.

Range Rover, ценет и како Rolls-Royce меѓу теренците, за кого што сцената се интересира повеќе отколку за самиот теренец на Rolls-Royce: Овој автомобил што веродостојно ја почитува британската вештина да се изработи автомобил што е скап не само со цената, од денес е изложен во салонот за Land Rover на Аутомобили Груп.

Во продолжение го пренесуваме соопштението за медиуми што го подготвија во Land Rover, а во наредните денови ќе следи и подетален опис на несомнено еден од најважните модели на автомобилската сцена.

НОВИОТ RANGE ROVER: МОДЕРНОСТ ШТО ПЛЕНИ, НЕИЗМЕРНА ПРЕФИНЕТОСТ И НЕСПОРЕДЛИВА СПОСОБНОСТ

Верен на своите корени: Новиот Range Rover е лидер за пример, со модерност што плени, неизмерна префинетост и неспоредлива способност на Land Rover, втемелена преку 50 години еволуција

Модерен луксуз: Новиот Range Rover е дефиниран со присустност и формалност, достигнати со хармонија на пропорции, површини и линии

Избор на материјали: Луксузните алтернативи на традиционалната кожа вклучуваат нов премиум текстил што комбинира Ultrafabrics™ и Kvadrat™ волнена мешавина

Персонализација: Новиот Range Rover SV е исклучителна интерпретација на луксузот и персонализацијата на Range Rover, со рачна изработка од Special Vehicle Operations

Неизмерна префинетост: Инженерите го намалија когнитивното оптеретување врз возачот од секој аспект, додека новата генерација потиснување на бучава со звучници, создава врвна префинетост

Совршена сталоженост: Интегрираната контрола на шасијата со Dynamic Response Pro обезбедуваат супериорен комфор во возењето со помош на Електронско воздушно потпирање што го припрема возилото за претстојните свијоци, користејќи податоци од eHorizon

Динамична агилност: Стандардното управување на сите четири тркала комбинира супериорна стабилност при големи брзини со исклучително маневрирање при мали брзини – како и круг на вртење помал од 11m4

Широк избор: Новата архитектура на шасијата MLA-Flex обезбедува изглед со Стандардно и Големо меѓуоскино растојание, луксузна внатрешност со четири, пет или седум седишта, како и избор на електрични мотори

Чисто електричен: Електричниот Range Rover ќе има премиера во 2024, како што Land Rover ја прифаќа новата стратегија Reimagine, со целосно електричен погон за неговиот оргинален луксузен SUV

Проширен PHEV избор: Новите 510PS и 440PS plug-in hybrid мотори испорачуваат стишен EV опсег и до 100km и емисии на CO2 под 30g/km1 за смирено и ефикасно возење

Смирени перформанси: Новиот бензински мотор, 530PS Twin Turbo V8, испорачува возење типично за Range Rover, со динамичен старт, овозможувајќи 0-100km/h за само 4.6 секунди)

“Alexa, let’s hit the road”: Интеграцијата на Amazon Alexa овозможува минимизирање на пречките со препознавање на интуитивни гласовни команди за музика, навигација, како и ажурирање на податоци за сообраќајот, smart home уреди и многу повеќе 2

Мирно прибежиште: Cabin Air Purification Pro има филтрација на PM2.5 честички и nanoeTM X технологија, што значително помага за намалување на непријатните мириси, бактерии и алергени, вклучително и SARS-CoV-2

New item by Automedia MK / Google Photos

Дознајте повеќе: https://macedonia.landrover.com/vehicles-new-range-rover-highlights

Новиот Range Rover елегантно го дефинира модерниот луксуз, нудејќи повеќе префинетост, поголем избор за клиентите, како и поширока палета за персонализација, од кога било досега.

Range Rover е оригинален луксузен SUV и е лидер за пример веќе 50 години, правејќи спрега помеѓу смирениот комфор и сеопфатнтата способност.

Со пакетот ефикасни mild-hybrid и plug-in hybrid мотори – како и комплетно електричен Range Rover, што ќе се приклучи кон гамата во 2024 година – дополнителниот избор на внатрешност со четири, пет или седум седишта, достапна со изведба на шасијата со Стандарднo или Долго меѓуоскино растојание, новиот Range Rover во секоја околина е како дома.

Модерност што плени

Луксузниот SUV од петтата генерација, ја вознесува филозофијата на Land Rover за модерен дизајн, на следно ниво, со современа интерпретација на заштитниот знак – неговата силуета, создавајќи неверојатна дизајнераска изјава. Продолжува да води, внесувајќи модерност што плени, естетска грациозност и софистицираност на најновиот предводник на Land Rover.

New item by Automedia MK / Google Photos

Новиот Range Rover е дефиниран со три линии, што го следат своето потекло низ генерации: паѓачката линија на кровот, силна средишна линија и линијата на прагот која се издигнува. Овие обележја како заштитен знак, во комбинација со карактеристичниот краток преден дел и препознатливиот заден багажен простор – заедно со практично поделената врата на багажникот – создаваат елегантен профил што ја пренесува неизмерната присутност на Range Rover.

Луксузната внатрешност е помогната со модерни, интуитивни и релевантни технологии, дизајнирани да работат во хармонија со најфините материјали и иновации за благосостојба, со цел да се создаде мирно засолниште за сите патници – притоа претворајќи го секое патување во искуство за уживање.

Палетата бои за надворешност ги нагласува елегантните пропорции и чисти површини кај новиот Range Rover, додека опциите за внатрешност се прогресивни како никогаш досега и оставаат порака за поголема одржливост и одговорност.

Клиентите имаат поширок избор на материјали и завршна обработка, вклучувајќи иновативен текстил и цврст материјал Ultrafabrics™, во континуитет со пионерската врска на Land Rover со Kvadrat™ – водечки европски производител на премиум текстил. Комбинацијата со Ultrafabrics™ е со цел да се создаде дефиниција на опционален материјал, што ќе биде полесен и ќе генерира само четвртина од CO2 во споредба со традиционалната кожа.

Дознајте повеќе за префинетоста и луксузот на новиот Range Rover: https://macedonia.landrover.com/vehicles-new-range-rover-highlights#component-4

Исклучителна персонализација

Новиот Range Rover SV ќе обезбеди исклучителна интерпретација на луксузот и персонализацијата на Range Rover, овозможувајќи им на клиентите уште поголем простор за да создадат навистина индивидуално возило со избор на ексклузивни дизајнерски теми, детали и избор на материјали од SV.

New item by Automedia MK / Google Photos

Овој рачно изработен модел ќе биде првото возило што ќе ја носи новата керамичка ознака SV, тркалезна и со поедноставена стратегија за именување – позната едноставно како SV. Кругот SV претставува дестилација на дизајнот и инженерската пасија на Special Vehicle Operations за модерен луксуз, перформанси и способност. Во иднина кругот SV ќе ги идентификува сите нови Land Rover возила лансирани од Special Vehicle Operations.

Дознајте повеќе за новиот Range Rover SV: https://macedonia.landrover.com/vehicles-new-range-rover-range-rover-sv

Смирена способност и сталоженост

Предводникот на фамилијата Land Rover го претставува врвот на префинетата способност благодарение на функционирањето на напредните хардверски и софтверски системи во комплетна хармонија, овозможено од новата архитектура на каосеријата MLA-Flex. Оваа ненадмината ширина на динамички способности е управувана од интегрираната контрола на шасија на Land Rover – единствен контролен систем за пакет напредни технологии што ја обликуваат динамиката на возилото со цел да одговара на секој километар од секое патување, за да направи превентивно и реактивно фино нагодување на возните карактеристики.

New item by Automedia MK / Google Photos

Дознајте повеќе за исклучителната способност на новиот Range Rover: https://macedonia.landrover.com/vehicles-new-range-rover-highlights#component-16

Електрифицирана ефикасност

Новиот Range Rover ја одржува својата уверлива комбинација на перформанси без напор и неизмерна префинетост, со сеопфатна линија напредни погонски единици, со шест и осум цилиндри.

Предводникот на стратегијата Reimagine на Land Rover, чисто електричниот модел, ќе се приклучи на фамилијата во 2024 година, внесувајќи за прв пат во Range Rover, возење со постојано нула емисии.

Дознајте повеќе за перформансите на новиот Range Rover: https://macedonia.landrover.com/vehicles-new-range-rover-highlights#component-12

Беспрекорна технологија

Новиот Range Rover го револуционизира искуството во кабината со беспрекорна интеграција на Amazon Alexa2. Користејќи интуитивни гласовни команди оди еден чекор над екранот на допир или интерфејсите со копчиња, со цел да се намали когнитивното оптеретување, обезбедувајќи чувство на модерен луксуз без напор. На овој начин, можностите на Alexa овозможуваат клиентите да управуваат со сè од омилените функции за информации, забава и избор на музика, до навигација или избор на телефонски контакти – сето тоа додека рацете остануваат на воланот, а погледот на патот. Системот може дури и да ги упали светлата во вашиот дом, како и да се поврзе со други уреди со профил Alexa.

Alexa работи како дополнување на Wireless Apple CarPlay® и Wireless Android Auto™ и може да се иницира со гласовна команда „Alexa” или со притискање на копчето Alexa на централниот екран4.

Дознајте повеќе за интуитивната технологија на новиот Range Rover: https://macedonia.landrover.com/vehicles-new-range-rover-highlights#component-8

Нов заштитен знак за квалитет

Дизајнот, развојот и инженерингот на новиот Range Rover се направени во Обинетото Кралство, а за време на овој процес, Land Rover создаде не помалку од 125 патенти, покривајќи сè од пионерската технологија за шасијата до батеријата PHEV. Инженерите на Land Rover корестеа технологија за симулација произлезена од мото-спортот за да го поминат возилото низ чекорите во виртуелниот свет, посеопфатно и поинтензивно од кога било досега, извршувајќи повеќе од 140,000 часа компјутерски анализи пред физичкото тестирање.

Потоа флотата прототипови се впушти во глобална казнена програма за тестирање и развој, во екстремни температури кои се движат од 45֯C топлина во пустината до -30֯C студ на Арктикот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Новиот Range Rover ќе се произведува ексклузивно во фабриката за производство во Solihull во Обинетото Кралство, користејќи најсовремена производна линија сместена во зградата што се користела за производство на првите серии на Land Rovers. Историската зграда е духовен дом на Land Rover, а повторната замисла како нов, ултра модерен центар за производство на Range Rover го покажува начинот на кој компанијата го штити своето наследство.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Продолжете да истражувате за новиот Range Rover: https://macedonia.landrover.com/vehicles-new-range-rover

Новиот Range Rover изгледа салонски, но пак е шампион на теренот

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Без рускиот гас, Европа не може да произведува автомобили

Сите комби-модели се каравани: Opel Astra Sports Tourer