Рејнџ Ровер и Џагјуар ќе почекаат со електричните модели

Прототип на електричен Рејнџ Ровер на тестирање во пустините во ОАЕ. Според Џеј Ел Ар, на списокот на чекање за Рејнџ Ровер Електрик се впишани преку 60.000 клиенти.

Џеј Ел Ар го одложува почетокот на продажбата на новите модели, за подолго да ги тестира и да причека додека потпорасне побарувачката за електрични возила, стои во објавата на дневникот Гардијан, којшто се повикува на извори што се упатени во случувањата.

Испораката на Рејнџ Ровер Електрик ќе стартува в година, пишува дневникот. Луксузниот СУВ требаше да се појави во салоните кон завршетокот на годинава, откако стартот веќе еднаш беше одложен во 2024 година. Џел Ел Ар тогаш ги забавија своите планови за електрични модели поради слабата побарувачка за луксузни модели со целосно електричен погон.

Лансирањето на двата планирани електрични модели на Џагјуар исто така може да биде одложено неколку месеци, пренесува Гардијан. Џеј Ел Ар ја трансформира Џагјуар во целосно електрична марка, со план првиот модел со електричен погон да биде лансиран во следното лето.

 

Првиот електричен модел од новото историско погавје на Џагјуар, чијшто изглед беше прикажан преку концептот Тајп 00, според новите планови треба да стартува во август 2026 година, дознава Гардијан од извори. Вториот модел на Џагјуар би требало да следи во декември 2027 година.

Одложувањето е веројатно и за помалиот електричен модел на Рејнџ Ровер, којшто ќе биде замена за Велар и според првичните планови треба да се појави во април 2026 година. Дневникот наведува и дека електричниот Дефендер Спорт ќе почека најмалку до првото тромесечје во 2027 година.

Од Џеј Ел Ар соопштуваат дека се среќни што нивните електрични модели ќе задоцнат, затоа што ќе ги усовршат во меѓувреме.

„Нема да брзаме со таа транзиција, сакаме да постигнеме вистински погодок“, кажа извршниот директор Адријан Мардел на конференцијата за инвеститори што се одржа на 16-ти јуни.

Британската компанија обично не ги информира аналитичарите околу датумите за своите електрични модели, освен во случајот на првиот електричен Фрилендер, што е развиен во соработка со кинескиот партнер Чери и ќе биде пуштен во продажба во второто полугодие од 2026 година.

Џеј Ел Ар соопштуваат дека преку 60.000 клиенти се запишани на списокот за Рејнџ Ровер Електрик.

Компанијата излерзе со предупредување до берзата, во очекување на смален профит годинава, поради потешкотиите што ги предизвика претседателот Доналд Трамп со високите царини за увоз на автомобили и со ослабнатиот долар, поради што нивните модели излегуваат поскапи во САД. Тоа е воедно најголемиот пазар на Џагјуар Ланд Ровер.

Продажбата во Кина исто така е забавена, поради тоа што кинеските купувачи сé повеќе се решаваат за луксузни автомобили од домашните марки, место од традиционалните премиум марки.

Претходна објаваНовите модели на Форд веројатно ќе бидат Фолксвагени со сменета каросерија
Следна објаваДонгфенг отвори луксузен салон во Рим, брод носи 2.000 возила за Италија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here