за

Киа Спортаж најпродаван СУВ во Европа во почетокот на годината

Со раст во продажбата од преку една третина, Киа Спортаж е на првото место во Европа во февруари. Што друго се случува во еден од највжештените сегменти?

Вториот најпродаван сегмент во Европа, заостанува со воведувањето на електрични модели во споредба со остатокот од пазарот, но тоа ќе се смени со важни новитети со електричен погон, како Пежо Е-3008 и Рено Сеник Е-Тек.

Напливот од нови модели со целосно електричен погон треба да го засили уделот на ЕВ во вкупната продажба на возила во сегментот на компактните СУВ, што е втор најпродаван сегмент во Европа – по градските СУВ-модели, а пред класичните комбилимузини од компакт класата.

Во првите два месеци од годината, ЕВ учествуваа во продажбата со само 4,4 проценти, што е далеку под уделот од 13 проценти што електричните модели го постигнуваат општо на целиот автомобилски пазар.

Продажбата на ЕВ дури и опадна за 16 проценти од почетокот на годинава, главно поради падот од 42 проценти во продажбата на бестселерот со погон на струја во овој сегмент, Фолкваген ИД.4. Исто и продажбата на неговата купе-изведба ИД.5 опадна за 44 проценти, додека кај Ситроен е-Ц4 Икс има пад од 52 проценти.

Од новите модели, коишто главно имаат и подолг досег, се очекува да го раздвижат сегментот во следните месеци.

Фолксваген ИД.4 беше најпродаван модел со целосно електричен погон до февруари, со 4.901 возило или за 42 проценти повеќе од истиот период лани.

Кон завршетокот на пролетта, Пежо ќе започне со продажба на Е-3008, со досег до 700 километри. Рено доаѓа во истиот сегмент со Сеник Е-Тек, којшто неодамна ја освои титулата на европски автомобил на годината и има досег до 620 километри.

Во текот на летото, Форд ќе почне со испорака на целосно електричен Експлорер, којшто е препакуван Фолксваген ИД.4. Меѓу останатите новитети во овој сегмент се електричниот Мини Кантримен и Шкода Елрок, што цели класа под Ениак.

Киа Спортаж изби на првото место

Најпродавани модели од големоволуменските марки во сегментот на компактни СУВ до јануари 2024

 
1 Киа Спортаж 26,285 36%
2 ФВ Тигуан 24,535 −9.3%
3 Нисан Кашкај 24,066 30%
4 Хјундаи Тусон 23,447 7.5%
5 Форд Куга 17,484 15%
6 Тојота Ц-ХР 17,219 −8.6%
7 Шкода Карок 16,089 17%
8 Дачиа Џогер 15,995 25%
9 Пежо 3008 15,856 1.3%
10 Купра Форментор 14,201 24%

Се зголемува и конкуренцијата од целосно електрични модели од кинеско производство. Тие ќе му се придружат на вториот најпродаван ЕВ во овој сегмент, БИД Ато 3. Меѓу нив се Смарт 3, Зикр Икс и Линк и Цо 02.

Во следните две години во сегментот пристигаат 20 нови модели со целосно електричен погон. Од нив, само 5 доаѓаат на местото на постоечки модел.

Хибридот и натаму се држи одлично · Новата Тојота Ц-ХР на тестот во Аутомедиа

Густата агенда од модели што треба да почнат со продажба ќе го зголеми уделот на електрични модели во сегментот на 25 проценти до 2026 година – вклучувајќи ги премиум марките – наспроти 10 проценти лани. Тоа предвидување доаѓа од аналитичарите на Иновев, кои вклучуваат и модели како Мерцедес-Бенц Е-Кју-Б, Волво Икс Це 40 и БМВ и Икс 1.

Вкупната продукција на ЕВ во сегментот ќе се искачи од околу 250.000 возила, на повеќе од 750.000 возила до 2026 година, како што предвидуваат од Иновев.

Задвижување во сегментот се очекува и од новите модели со МВС (мотор со внатрешно согорување), вклучувајќи ја хибридната Тојота Ц-ХР, којашто првпат се нуди и како приклучен хибрид. Некои од моделите, како 3008 и Ц4, имаат и целосно електрична верзија и бензинска верзија.

Пежо 3008

Во втората половина од годината доаѓа новиот Фолксваген Тигуан, најпродаваниот компактен СУВ од 2023 година. До февруари, тој е трет најпродаван модел. Подоцна доаѓа и приклучна хибридна изведба од Тигуан, со досег на струја до 130 километри. Повеќето приклучни хибриди од првата генерација постигнуват електричлен досег од околу 50 километри.

Меѓу останатите поважни новини се верзиите со МВС од Мини Кантримен, што во третата генерација се пресели една класа погоре, меѓу компактните СУВ. Годинава се очекува и Купра Терамар, со приклучен хибрид и со класични МВС.

Слабиот пазар на ЕВ во првите два месеци се префрли и кај моделите со приклучен хибрид, што имаат пазарен удел од 9,6 проценти во сегментот, откако продажбата им опадна за 13 проценти, на 29.199 возила.

Киа Спортаж е втор најпродаван модел со приклучен хибриден погон, по Форд Куга. Продажбата се намали нагло поради падот од 76 проценти во побарувачката за Линк и Цо 01. Се очекува годинава да дојде неговата замена, како целосно електричен модел. Врз општиот пад во сегментот влијаеше и Пежо 3008, чија што продажба се намали за 39 проценти, но тоа е сосем очекувано, затоа што во вториот квартал доаѓа новиот модел.

Киа Спортаж е најпродаван компактен СУВ во првите два месеци, со продадени 26.285 продажби, што претставува раст од 36 проценти во споредба со лани.

Прв избор во погонот се бензинците, коишто покриваат 45 проценти од сегментот. Нивната продажба порасна за 17 проценти, на 136.684 возила. Расте и уделот на хибридните модели, главно Тојота Ц-ХР, што напредуваа за 13 проценти. Меѓу останатите хибриди се Рено Аустрал и Тојота Корола Крос. Хибридите учествуваат со четвртина во вкупната продажба на компактни СУВ во првите два месеци.

Дизелите продолжуваат да го губат пазарот (-10%) и учествуваат со само 12 проценти. Најпродаван дизел е Фолксваген Тигуан.

Киа Спортаж е најпродаван компактен СУВ во јануари и февруари, со раст од 36 проценти во споредба со лани. За овој успех е посебно заслужна стратегијата на корејската марка, што единствена нуди четири погонски изведби: Бензин, хибрид, приклучен хибрид и дизел. Во 2025 година, Киа доаѓа со уште два електрични модели во сегментот, со ЕВ.5 и ЕВ.4.

Бензинците продолжуваат да владеат, но хибридите се продаваат повеќе и од приклучните хибриди и од целосно електричните модели

Бензинските и дизел модели сочинуваат 57 проценти од вкупната продажба на компактни СУВ во февруари.

 
1 Бензин 45% 17%
2 Хибрид 25% 13%
3 Дизел 12% −10%
4 Приклучен
хибрид
9.6% 13%
5 Електро 4.4% −16%

Вкупната продажба во сегментот – исклучувајќи ги моделите на премиум марките – надмина 300.000 возила, што е за 6,6% над истиот период лани. Најпродаван сегмент и натаму се градските СУВ.

Бавниот старт со електричните модели во сегментт што е клучен, сведочи дека производителите првично им даваа предимство на целосно електричните модели од средната класа. Тие се продаваат глобално, на пазари како Кина и САД, каде што купувачите посегнуваат по поголеми модели.

Бидејќи продажбата во САД мирува, а Кина се свртува кон сопствените марки, европските производители сега го насочуваат своето внимание кон компактните СУВ, додека претстои стапување во сила на построгите норми за ЦО2 во 2025 година.

Годината 2025 е клучна и поради тоа што се очекува Тесла да стартува со својот „проект редвуд“, што производителот од САД откри дека ќе биде СУВ од компакт класата. Доколку Тесла успее брзо да ја качи продукцијата на моделот во фабриката во Берлин, извесно е дека вкупниот удел на целосно електричните модели во продажбата во сегментот ќе го надмине уделот на модели со МВС.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ситроен ќе пушти малечко СУВ-купе во продажба во Индија и Јужна Америка

Пежо Спорт доби еколошко признание со три ѕвезди од ФИА