Пежо Спорт доби еколошко признание со три ѕвезди од ФИА

Исто како Меѓународната автомобилска федерација (ФИА), групацијата Стелантис работи напорно неколку години на глобалните влијанија врз животната средина. Како дел од оваа заложба, на Пежо Спорт му беше доделен еколошки сертификат со три ѕвездички од ФИА: првиот производител на автомобили на светскиот шапионат на трките за издржливост на ФИА кој го доби ова признание.

ФИА ја доделува Еколошката акредитација со три ѕвезди на организации кои се залагаат за заштита на животната средина, намалување на емисијата на јаглерод и воспоставување одржливи практики во автомобилскиот свет. Ова признание доаѓа по ригорозниот процес на евалуација управуван од ФИА, кој разгледува голем број различни критериуми. Најновата сертификација на Пежо Спорт е дел од целокупната глобална политика на групацијата Стелантис кога станува збор за енергетска транзиција.

Откако ја добиНаградата за ниска емисија на јаглероден диоксид на ВЕЦ за минатата година, Пежо Спорт дополнително ја истакна важноста на развивање на своите еколошки иницијативи. Ова признание на ФИА, совршено се вклопува во стратегијата на групацијата Стелантис за намалување на стакленичките гасови, утврдена во планот „Храбро напред“ кој има за цел да се постигне јаглеродна неутралност до 2038 година.

ФИА го истакна воспоставувањето и спроведувањето на план за намалување на стакленички гасови, како и оптимално управување со потрошувачката на енергија и осветлувањето. Но, Стелантис Моторспорт не застанува тука и веќе ја планира следната ревизија….

За да ги постигне своите цели, Стелантис Моторспорт се ангажира со сите свои соработници да дискутираат и разменуваат идеи за климатските предизвици: што им помага на сите да разберат повеќе за нивното лично влијание и глобалното влијание на нивниот спорт. Свеста за овие работи е особено висока во мотоспортот, бидејќи спортот е на врвот кога станува збор за развој на добри практики и намалување на емисиите, како и еволуција на технологии насочени кон поодржлива мобилност.

 

Претходна објаваКиа Спортаж најпродаван СУВ во Европа во почетокот на годината
Следна објаваПрвиот малечок германски автомобил беше Ауди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here