Тесла Модел Ипсилон ја предводи септемвриската продажба, Рено и Фолксваген во тесна битка за второто место

Тесла Модел Ипсилон ќе биде најпродаваниот автомобил во Европа во септември. СУВ-моделот од средната класа вторпат годинава ќе се најде на првото место во продажбата, откако Дачиа Сандеро во претходните три месеци постојано избиваше на врвот.

Тоа е голема промена за Тесла, чијашто продажба обично е послаба во првиот месец од секој квартал. СУВ-моделот од средна класа е на пат да го престигне најблискиот соперник со близу 8.000 продадени возила, иако продажбата му опадна во споредба со минатата година.

Со продадени 28.680 примероци, модел Ипсилон во минатиот месец изгуби 3,6 проденти од продажбата во истиот месец лани, покажуваат првичните бројки од истражувачката куќа Датафорс.

Неизвесна е трката за второто место, според првичните податоци за 99 проценти од продажбата во Европската Унија, ЕФТА и Обединетото Кралство.

Фолксваген Тигуан води пред Рено Клио со 20.763 возила, наспроти 20.306 возила. Тој сооднос може да се промени, откако ќе пристигнат продажбите и од последните два пазари што уште немаат доставено податоци – Унгарија и Словачка.

Продажбата на Тигуан во минатиот месец порасна за 28 проценти, додека Клио напредуваше за 0,8 проценти.

Сандеро ќе заврши на 4-то место, со 19.346 продадени примероци, што е за 0,5 проценти послабо во споредба со лани. Малечката комбилимузина на романската марка на Рено шестпати се искачуваше на првото место во продажбата во Европа во првите девет месеци од годината.

Киа Спортаж, со продадени 16.284 возила, исто така води тесна трка со Пежо 208, со продадени 16.103 примероци, според првичните податоци.

Трката е неизвесна и за седмото место, каде што засега води Фолксваген Голф со продадени 15.722 возила, пред Тојота Јарис Крос со 15.498 возила.

Уште потесна трка се води меѓу Тојота Јарис и Опел Корса, за 12-то место, со предност на Тојота од само 67 возила пред својот соперник од истата класа.

Осум од 15-те најпродавани модели во минатиот месец постигнале зголемена продажба во споредба со септември 2023.

Дачиа Сандеро ќе го заврши месецот на 4-то место, откако продажбата опадна за половина процент

Водачи по девет месеци

По девет месеци, Сандеро води со 203.474 продадени возила, пред Голф (165.370) и Клио (162.021 возила).

Клио го престигна Т-Рок, откако во јули му препушти водство на германскиот СУВ. Т-Рок сега е на 4-то место со продадени 156.803 возила.

Водечката петорка ја заокружува Тесла Модел Ипсилон, со продадени 155.428 возила. Електричниот СУВ-модел од средната класа ги престигна Тојота Јарис Крос (146.511) и Пежо 208 (146.448), потиснувајќи ги градските модели на 6-то, односно на 7-то место.

Модел Ипсилон во август беше на 8-то место, односно на 9-то место во вкупната продажба по девет месеци. Доколку се задржи овој раст во продажбата, можно е Модел Ипсилон да ја одбрани титулата на најпродаван модел на европскиот пазар што ја стекна во минатата година.

Фолксваген има шест модели во Топ 50 во септември, еден помалку отколку во август.

Шкода исто така има шест модели во Топ 50, со Октавија како најпродаван модел на чешката марка, на 16-то место.

Топ 50 Најпродавани модели на европскиот пазар во септември 2024

Марка

Модел

Продажба

1 Tesla Model Y 28680
2 VW Tiguan 20763
3 Renault Clio 20306
4 Dacia Sandero 19346
5 Kia Sportage 16284
6 Peugeot 208 16103
7 VW Golf 15722
8 Toyota Yaris Cross 15498
9 VW Polo 15291
10 Ford Puma 14927
11 Tesla Model 3 14393
12 Toyota Yaris 14285
13 Opel Corsa 14218
14 Hyundai Tucson 13614
15 Peugeot 2008 13181
16 Skoda Octavia 13132
17 VW T-Roc 12531
18 Renault Captur 12470
19 Dacia Duster 12341
20 Toyota C-HR 11881
21 BMW X1 11701
22 Nissan Qashqai 11145
23 MINI One/Cooper 10344
24 Ford Kuga 10335
25 Nissan Juke 9518
26 Mercedes GLC 9405
27 Peugeot 3008 9263
28 Skoda Enyaq iV 9237
29 Toyota Corolla/ 9132
30 Skoda Fabia 8902
31 Skoda Kamiq 8860
32 Skoda Karoq 8840
33 Audi A3, S3 8662
34 Skoda Kodiaq 8557
35 Hyundai Kona 8492
36 Toyota Aygo X 8321
37 Fiat Panda 8249
38 Mercedes A Class 8074
39 Citroen C3 7899
40 Toyota RAV4 7405
41 Jeep Avenger 7382
42 BMW 3 Series 7311
43 Ford Focus 7265
44 Volvo EX30 7161
45 VW ID.4 6977
46 VW T-Cross 6930
47 Volvo XC60 6709
48 Kia Niro 6647
49 Kia Picanto 6619
50 Cupra Formentor 6572

Претходна објаваТесла ќе го покрива вишокот ЦО2 на Фолксваген
Следна објаваНајзборуваната кинеска марка на нашата сцена со голема премиера на салонот во Париз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here