Фолксваген е најпродавана марка електрични автомобили, Тесла дури седма, Би Уај Ди пред Волво

Марката Фолксваген продаде најмногу електрични автомобили во Европа во јули, со раст од дури 93 проценти во споредба со ланскиот јуни, балгодарение на високата побарувачка за моделите ИД.3, ИД.5 и ИД.7.

ИД.3 беше најпродаван модел на Фолксаваген во јули, со 6.917 примероци, двојно повеќе од истиот месец лани.
  • Марката Фолксваген ја зголеми својата продажба на електрични возила во јули за 83 проценти, со висока побарувачка за моделите ИД.3, ИД.5 и ИД.7.
  • БМВ е втора најпродавана марка електрични возила во Европа, со и-Икс-1 како свој ЕВ-бестселер, со мала предност пред Шкода.
  • Тесла беше на врвот во јуни, меѓутоа во минатиот месец успеа да се пласира само на 7-то место.

Марката Фолксваген продаде најмногу електрични автомобили во Европа во јули, со раст од дури 93 проценти во споредба со ланскиот јуни, балгодарение на високата побарувачка за моделите ИД.3, ИД.5 и ИД.7.

Најпродаван модел на Фолксваген во минатиот месец беше ИД.3, со продадени 6.917 примероци. Тоа е повеќе од двојно во споредба со 3.293 примероци од моделот што беа продадени во истиот месец во 2024 година.

БМВ е втора најпродавана електрична марка, со само 101 возило повеќе од Шкода, покажуваат првичните податоци на аналитичарската куќа Датафорс, коишто опфаќаат 99,9 проценти од продажбата во ЕУ, ЕФТА и ОК. Единствено недостига извештајот од Кипар.

Продажбата на ЕВ на БМВ ја предводи и-Икс-1, со 6.494 примероци. Компактниот СУВ учествува со дури 41 процeнти во продажбата на електрични автомобили на БМВ во јули.

Скокот кај електричните автомобили на Шкода се должи на успехот на компактниот СУВ-модел Елрок. Чешката марка во минатиот месец продаде 8.715 примероци од електричниот СУВ.

Ауди е на 4-то место, со што групацијата Фолксваген има три меѓу петте најпродавани БЕВ во Европа во јули. Најпродаван батериски електричен автомобил на Ауди во минатиот месец беше Ку-4 Е-Трон, со 3.261 примероци.

Видеото од тестот на Рено 5 во Аутомедиа

Рено 5 Е-Тек учествува со 58 проценти во вкупната продажба на електрични автомобили на француската групација во јули.

Рено ја заокружува водечката петорка, со раст од 75 проценти и вкупно продадени 9.857 ЕВ. Продажбата на францускиот производител ја предводи Рено 5 Е-Тек, којшто учествува со 58 проценти во вкупната ЕВ-продажба на групацијата во јули.

Откако Тесла во јуни ги престигна сите соперници и беше на врвот со 32.557 продажби, производителот од САД во јули продаде само 9.668 возила, односно имаше пад од 37 проценти и го заврши месецот седми.

Волво се потсопна во јули и испадна од 10-те најпродавани, што му создаде простор на Би Уај Ди да се пробие напред, со растот во нивната БЕВ-продажба од 88 проценти.

Побарувачката за најпродаваниот БЕВ-модел на Волво, кросоверот Е Икс 30, во јули опадна за 61 проценти. Главната причина за тоа е преселувањето на производството на малечкиот СУВ од Кина во Белгија, со цел да се избегнат казнените царини на ЕУ за увозот на ЕВ-возила од Кина.

Тесла и покрај падот од 34 проценти, со Модел Ипсилон пак го има најпродаваниот ЕВ на европскиот пазар во јули. Втор е ИД.3 со заостаток од 28.500 примероци, покажуваат податоците на Датафорс.

Од јануари до почетокот на август, во Европа се продадоа 1.379.925 батериски електрични автомобили. Напредуваше и продажбата на приклучни хибриди, со 706.372 примероци, што претставува раст од 26 проценти.

Најпродаван модел со приклучен хибрид е Фолксваген Тигуан, со 38.334 примероци за седум месеци. Веднаш по него се Би Уај Ди Ју (35.094) и Волво Икс Ц 60 (34.504 возила).

Би Уај Ди продаде 39.395 примероци од својот Сил Ју во првите седум месеци, наспроти 1.507 возила во истиот период лани. Тоа е 2-от најпродаван ПХЕВ до јули.

Најжешките европски сегменти во првите 7 месеци

Од случувањата по најважните сегменти на пазарот, Фолкваген Тигуан, ИД.4 и Пежо 3008 се големите победници во сегментот на компактните СУВ, којшто во јули порасна за 17 проценти.

Исто така е силен сегментот на СУВ-модели од средната/вишата класа, со раст од 23 проценти и продадени 552.218 возила за седум месеци.

Моделите на Шкода, Би Уај Ди, Фолксваген и Пежо придонесоа најмногу за тој скок.

Продажбата на Шкода Кодиак и елетричниот Ениак се зголеми за 29, односно за 35 проценти.

Би Уај Ди продаде 39.395 примероци од Сил Ју (од кои 35.094 приклучни хибриди, останатите целосно елекртични). Во истиот период лани, продажбата броеше само 1.507 примероци, кога ПХЕВ-изведбата штотуку стартуваше на европскиот пазар.

Исто како Сил Ју, голем скок постигна Фолксваген Тајрон. Германската марка продаде 26.634 Тајрони до јули, додека лани во истиот период имаше продадено само 161 примероци од моделот што се поставува над Тигуан.

Претходна објаваФолксваген и Рено заслужни за растот од 5,5 проценти на јулскиот пазар, се бараат хибриди, Кинезите подзабавија
Следна објаваБи Уај Ди ќе ги заобиколи царините на ЕУ со увоз од Тајланд место од Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here